Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1422536 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Секако дека здравјето е најважната работа во животот. Еве на пример ја имам проблеми со кичмата и прилично сум ограничен при обавување на обврските. Темава ја отворам со цел да го изнесете своето мислење за лекарите, установите, опремата со која располагаат и тн. И повеќе од јасно е дека не цветаат рози во здравството, ама да видиме кој како се снаоѓа, па можда и ќе се споделат некои врски за не дај боже :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
За општи болести, матичен се знае врв мора, може да препорачам. Ортопедија исто може да препорачам топло. Пулмо исто одличен доктор...

Зависи што ти треба.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Имам едно прашање: Значи ти си болен и неможеш да станеш од кревет, а за да можеш да отвориш боловање, а и да те прегледа лекар треба да одиш во болница. Е па ти да можеш да одиш на лекар, ќе отидеше и на работа, нели ? Убеден сум дека твојот матичен треба да има некоја замена или сл. и да оди во домашна посета, арно ама што праиме после за специјалистот? Пак иста приказна... ОК. Личен пример, лежам у вистинска смисла на зборот пред шалтерот на рентген и се пријавувам за обично ренген снимање по препорака на матичниот, за да после со снимката појдам кај специјалистот. Верувале или не ми викаат дојди по 3 месеци, а ја лежам на земја ??? И така натаму, понатаму ќе продискутираме подетално, ме интересира вашето искуство у врска со ова ...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Здравство како здравство во глобала не е добро...На сите тоа ни е јасно. Уствари жива мизерија...
1. Стручниот кадар по болнициве е сведен на минимум...Се што вредеше отиде по приватните клиники и по приватните дијагностики. Она што е останато и е вредно, не можеш да го платиш...Мислам на услуга за некоја операција и слично пу пу скраја да е не дај боже. Ако збориме за дијагностика, каде јас највеќе имам сознанија, како што реков е останато многу малку што вреди...Она младоно што е исподојдено е или со врски и нема појма, или пак не се труди да научи...Секоја чест на исклучоците...Биохемија, исто така...Мислат дека апаратите се тие кои ке им ги извршуваат обврските...Значи кадар како негативност можам да го кажам за моменталнава состојба во државен сектор...За приватен кадар постои, создаден во државните институции, но секој не може да си дозволи лекување во приватни болници и снимање по приватни дијагностики.
2. Апаратура за дијагностика.
Во моментот Клинички центар е број еден што се однесува во поглед на дијагностика...После него се воена болница бивша односно нова градска болница - 8-ми септември, потоа стара градска болница или Клиника по Хируршки болести Св Наум Охридски, и потоа можам да ја одвојам Неуромедика,па Систина и Филип Фтори по опременост во Скопје...За ренген дијагностика говорам!!!

p.s. Бидејќи морам да излагам , ке продолжам после :)
Прашајте конкретно што ве интересира :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
djidji, обрати се на вистинско место...
Имаш телефон да му е'ам мајката...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Хаха а бе се обратив, ама ова беше пред една година коа беше ти у Имачка ... памтиш ? ;) И тоа пази - се дешава у институција за која 8 години верно си работел и си го остаел здравјето, у мојов случај окото  :o

ЕДИТ:

Да се надоврзам на муабетот со друг пример (иако се безброј), пред година-две настинав и докториве се посомневаа во свински грип, актуелен беше тогаш. Ме праќаат во лабораторија и таму ми земаат венска крв. Чекам резултати и по некое време ги добивам без диференцијална крвна слика што е круцијално во дијагностицирањето на мојата болест. Пошто случајно ги познавам работите, ја замолив биохемичарката да ја повтори анализата, а она ми вика дека нема доволно примерок од крвта за да го стори тоа. И викам, вакутејнерите што ги користите се 2.5 мл, а инструментот „цица“ 50 ul така да не да има него ... :) Она ми вика, е па дечко таков ни е инструментот не вади размаска. Значи не да се налутив, ама ај, коа немаш избор. Идам кај лекарот и таман да му кажам за моментов, он ми вика еве ти Тамифлу ??? Алооо му викам, од кај виде жити све дали е бактерија, вирус или паразит? А бе за секој случај вика, можда е и обична настинка, ама да не ризикуваме :D
Заклучок: Да ти се плукнам у апаратите што ги инсталираат по клиникиве и да ти се плукнам во биохемичарите и докторите што ги запослуваат по систем - татко му бил лекар, па мора и он !!!
« Последно менување: 15 Март 2012, 18:54:04 pm djidji »

Отсутен IvAnA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 487
Јавното здравство кај нас е со еден збор СТРАШНО! Не дај боже да отидеш на лекар. Ќе те умрат, буквално!
Доколку се работи за некоја посериозна болест, да треба операција или нешто јас препорачувам тој што може да иде во Љубљана - Словенија. Мајка ми таму има направено 2 операции. Презадоволна е. Жива и здрава како ништо да не и било. Таму во клиниката нашите луѓе ги третираат како словенски државјани. Ако ве интересира поише, ќе ви опишам детално што све се исподеси. А овие нашиве тука сакаа ногата да и ја сечат.... Не нестручни, не необразовани не знам веќе што да кажам.... 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
По операцијата што ја правев летово, презадоволен сум од докторката. Но само од неа. Условите во државна болница се УЖАС. Лебарки во вецеата, премалце персонал на располагање, а кога имаше, беа арогантни.
Заради условите и (не)чистотата на инструментите, добив инфекција на оперираното ткиво и правев уште една операција со која воедно се вратив каде што и почнав, со нееднаков проток на воздух во двете ноздри.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Ајде тие што се во Ск. пак имаат повеќе избор,ние што сме од внатрешноста,сме за никаде за ова прашање.Матичните лекари имаат искуство и квалитет,но за специјалистите во државните болници се е кој од кој.

Пред неколку години од локалниот ортопед ке го загубев коленото.Цела 1 година ме убедуваше дека нормално е во пубертет да те боли колено.Откако се изборив за дијагностика во Ск. само со гледање на ренген снимката на сијалица ме оставија за итна операција.
После операцијата од локалниот ортопед коментари од типот- НЕ БИ РЕКОЛ ДЕКА КЕ ИМАМЕ 100% МОТОРИЧНО КОЛЕНО.За 1 год.целата моторика се врати во коленото,со терапии и бањи.
Плус метеоролог не ми е рамен сега.

п.с Физиотерапевката Андријана во државна на ортопедија благодарен сум и многууууфффффф........
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Ауууу како ме нервира темаваааа..... Џиџи ми дужиш пиво што ја отвори темава.

Кога сме веќе тука ќе ја искористам оваа прилика да се испукам ама онака од дното на душата.
Disclaimer: се што ќе ви кажам е абсолутна вистина. Да не се мрднам од местово ако работите не беа како што ќе ви кажам.

Значи случкиве се во врска со скораншната болештина на татко ми во врска со која јас го зедов најголемиот дел од товарот па така сеќавањата ми се автентични и свежи.
Имено татко ми лани ова време почна да се жали од недостаток на здив, ондосно дишеше ама како да нема кислород во воздухот. Имавме причина да се сомневаме во сериозен проблем со белите дробови и започнавме со разни дијагностики. Секаде каде што се обративме бевме со некоја врска бидејки татко ми е БИТЕН човек во македонсково здравство од административен аспект. Прво му дијагностицираа ХОБ (Хронична Обструктивна Болест на дробовите), но матичната лекарка се сомневаше на нешто посуштинско. По извршената компјутерска томографија на клиника и безброј рентгенски снимки докториве се посомневаа во карцином на белите дробови. По извршената ендоскопска анализа и анализа на изваденото ткиво се констатираше инвазивен малиген кератинизирачки тип на карцином на десното белодробие. И тука почнаа заебанциите. Од онкологија отидовме на торакална хирургија (25 Април 2011) на консултации со хирург. Хирургов вика: абе јас сум на конференции летово, па после сум на одмор и тек ќе се вратам во Септември. Татко ми му вели, па до тогаш јас нема ли да отидам на оној свет? А он вика: па тоа не се знае. Али за да не дојде то тоа ќе примиш хемотерапија 4-5 циклуси и таман септември ќе дојде.

И добро ,одиме на онкологија со упатот, тие го читаат и викаат абе ова не е соодветен лек за тој карцином. Ајде назад кај хирургот, па назад кај онкологот па ајде пак назад кај хирургот и неколку пати така додека не најдовме врска да им врзе по еден шамар и да се договорат дека татко ми треба да прими лек Таксол.

И доброооо, примаше лек, сите влакна му паднаа од телото и дојде време за повторна томографија за која е потребно вбризгување на контрастно средство. Вторава томографија за малце го чинеше татко ми живот!!! Зошто? Зошто техничарот кој работи таму воопшто не го интересира за животот на пациентот него да си оди што побрзо од работа. Имено постоеле различни контрастни средства кои се ставаат во различни случаи. Погрешното средство го доведе татко ми на КАРИЛ од каде едвај излезе жив.

И дојде 5-ти Септември денот за операцијата. Го оперираа што го оперираа и навидум операцијата успешна. Му го извадија горниот лобус од десното белодробно крило и го пратија на интензивна нега. Поминаа недела дена и се бешесупер и сите бевме среќни, кога татко ми почна повторно да осеќа недостаток на кислород. До таа мерка што ни се јави дома од мобилниот во 4 саат ноќе со зборовите: помагајте или јас нема да доживеам разденување. Скокање од кревет, трчање таму арно ама не те пуштаат да влезеш. Викаат: сме му дале лекови за дишење ќе му биде подобро ,спие сега утре дојдете си нормално на посета.

Се прибравме со мајка ми дома, кога таман заспав пак звони телефонот во 5:30. Кревам телефон и стариов во делириум, не знае што збори, рика плаче ми вика дојди и донеси пиштол не можам повеќе. Скокам пак од кревет и трк таму. Тропав 15 минути на торакална додека не ги разбудив сите пациенти само за да ми отворат врата сестрите (мамицата нивна, некоја кога ќе фатам на улица ќе ја задавам со заби) кои седат на два метра од вратата. Ги избуткав кога отворија и трк кај стариов. Го гледам цел потекол во фацата и збрефта како куче. Гужва дигнав одма, се јавив кај врската да се јави кај хирургот во 6 саат сабајле. Тој се спакува и за 15мин беше во болница. За тоа време како да беше вечност сестрите седат и ме буљаат заедно со обезбедувањето на клиниката. Дежурниот доктор никаде го нема а на телефон не се јавува. Значи дежурен доктор на торакална хирургија кој треба да е таму и да се грижи за пациентите на интензивна нега НИКАДЕ ГО НЕМА.
Дојде гланиот хирург, го ѕирна стариот и кога им спиште таму: зошто не сте го однеле на КАРИЛ до сега!!!! Овие пичкиве сестри: па ние не знаеме што да правиме.... И јас збеснав скроз. Дојдоа од КАРИЛ и го однесоа. Тој цимерот што беше вика: абе вака беше цела вечер и цела ноќ мене страв ме фати.

Бркање врски и на КАРИЛ, докторот вели дека дробовите му колабирале и дека за малку можел лошо да заврши.
Да скратам малце, излезе жив од карил, се прибра дома и од тогаш секој ден е борба за опстанок. Поради недостокот на кислород таа вечер сега два прста од левата рака му се парализирани. Сега човеков не можед а оди на работа и да функционира како човек. Значи го направија инвалид.

Сума сумарум:
1. Докторите не сакаат да работат. Мора да имаш врски за да почне докторот да си ја врши работата
2. Медицинскиот персонал (сестри-местри, тинтири-минтири) се ставени таму со врски и се тотално некомпетентни. Секогаш се вадат на тоа дека не се доктори и дека они не смејат да прават ништо без докторите
3. Докторите меѓусебно не се трпат и си ги мерат дипломите. Поради тоа трпат пациентите кои патем и умираат по ходниците
4. Не постои аболутно никакво тело каде можеш да се пожалиш и да побараш правда.

Толку сум многу огорчен од здравствово што кога ќе почнам да размислувам на таа тема почнува желудников да ме боли. Верувам дека има исклучоци ама ако дојдам некогаш до власт, сите досегашни министри за здравство ќе ги стрпам во затвор. За да биде правдата задоволена ќе изградам уште 5 државни болници исти како клиниките на државна и ќе спроведам ригорозни мерки за селекција на персоналот. Ќе им опнам плата х5 ама бројот ќе им го намалам 10 пати!


Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Да не должам,ама слична искуство како на Фаланга доживеав неодамна,така со еден збор здравството ние Катастрофа Голема...Ова е искуство од Битолската болница која служи за сексуални игри меѓу персоналот,пиење на кафе и спиење...
Многу поинакво искуство со болницата во Охрид за кардиохирургија,каде си има ред,секој си ја работи својата работа и се се нај...
На крајот со правилна терапија татко ми си е сосем во ред и наместо да му вградуваат стент,бајпас и сл. тој си пие лекарства за епилепсија...Е сега рачунајте колкава е разликата...

God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Исто и јас кога лежев во државна во Скопје на одел ортопедија,се местеа,договараа кои сестри и доктор да дежураат.После 22 ч се носеше вина мезиња,смеи кикотења до 5 наутро.Абе ужас ужас.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Фаланга, овие точкиве што си ги набројал се апсолутно точни и важат во секоја професија, во 90% од поголемите фирми и во судството во нашава мила, драга и ебана македонија со мало М.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Банза, тоа така е ама оваа професија е здравство. Грешката не се казува со изгубен муштерија или помал профит или слично. Се заботи за изгубени животи, упропастени човечки животи. Кој ќе го обештети сега татко ми што е инвалид и тоа ради курово здравје на дежурниот доктор кој не беше на работа? Абе го кријат кој е да знам кој е ќе земам клешта и ќе му скршам два прста па да види како е да си инвалид.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Пред нешто повеќе од 2 години, и јас имав искуство по болнициве, бев опериран лежев 10 дена на Абдомен, значи таму луѓето беа за сите пофалби, и за нив немам ниту една ама баш ниту една забелешка. Е сега додека да стигнам таму, и додека се правеа сите прегледи, тоа беше у п.м проблем, закажувања за неколку месеци, шетање од една на друго место, а тоа беше така бидејќи јас претходно немав искуство по болниците, и ај викам да си одам се по регуларен пат.Видов дека не иде така, и како и сите други си ги потегнав врските. Стигнав односно дојде време за операција, како што пцуев и мрзев се што е во и околу клиника, толку повеќе ги засакав и ги почитував луѓето што се грижеа за мене на абдомен. Тие доктори и сестри се за почит, имаше ситуации каде навечер имаше две дежурни сестри и имаше 11 итни случаи, каде ситуациите кај луѓето беа 30 - тина минути разлика да ги биде или не, некои од сестрите остануваа и по две смени на работа, замислете трета смена дежурна и одма продолжува 1 ва смена, и во ниту еден момент кога и да имав болки, или потреба од нешто, не се мрште туку летаа да ми угодат. Докторот кои ме оперираше, доаѓаше три пати на ден да ме види, и уште два три пати ми се јавуваше на телефон.
Операцијата беше успешна благодарение на докторот и неговото искуство, бидејќи во разговор со него, рече дека снимките и дијагнозите од претходно биле различни од тоа што видел кога отворил и наместо саат операцијата траеше два саата. Кога ме внесоа во операционата сала и кога видов во какви услови работат, па тоа не е нормално, добро е и вака како што е, се се распаѓа и апаратите се од времето на султан Сулејман.
Можеби моето искуство на клиника беше одлично бидејќи бев опериран од д-р Јанкуловски, и за цело време бев под негов надзор. едно нешто што ме изреволтира, како може горе за нега на болните да има толку малку персонал кој стварно даваше надчовечки напори за да им угоди на сите кои се лежат таму, и стварно има потреба да се вработат уште сестри, а на други места има еден куп вработени кои само викаат, пијат кафе и ништо не работат а зимаат плата. Зошто е тоа така незнам.
Инаку респект за сите од Абдомен, заслужуваат тие луѓе многу многу повеќе, само пофални зборови за сите од таму, многу ги почитувам.