@krell
Пласибо ефект ти е тоа што си осетил. Ќе те стаамкај мене во кола без да знаеш што е уклучено на по три замени. Мислам дека нема да осетиш.
А и што да кажеме со Шкода која е во договор со Плимонт и на чичка нови коли со доплата вградуваат плински уреди, со истата гаранција?
Супер би било да пробам, и ќе напишам што и како сум осетил.
За Шкода, Цитроен и останатите, е само прилагодување на купувачите на нашиот пазар, кои сакаат да купат што поголемо ауто, за што помалку пари и што троши ич, а нема пари за дизел.
Ко што се срозани бројките на продажба на нови возила, воопшто не ме чудат таквите маркетиншки потези.
Исто и Цитроен и Шкода даваат гаранција од 2 години, што во просек се 30000 км поминати (дури и тоа е многу за просекот во мкд). Што и да се случи со вентилите, мал е ризикот во тие 2 години и 30000 км поминати, да дојде до проблем со вентилите што ќе бара сериозна интервенција и на терет на импортерот.
Ама, кога ќе пројдат тие 2 години, бидејќи со плинот може да има поголема шанса за горење на вентилите, ете уште еден прилив за импортерот, односно кога ќе треба тоа да се сервисира вон гарантен рок.