Filo, апсолутно разбирам како е да се има нема, бидејќи сум имал разни периоди во живото (и сум имал, и имало кога сум немал).
Така да баш разбирам како е кога мора да се штеди..
Само јас на плин гледам како компромис што се прави баш ради штедење и немање пари во нашето општество.
Се кладам да имавме генерално повисок стандард, дека многу помалку ќе возеа на плин, него што возат.
Да возев поголема километража на годишно ниво од што возам, можеби ќе го направев и јас тој компромис, ама свесно дека сепак има одредени негативности, и едноставно ќе ги прифатев. Ама немаше да се убедувам како нема разлика измеѓу квалитетот на возење на плин и бензин, разлика во перформанси и слично..
Или па ќе возев само дизел и ќе прифатев друг тип на компромиси што ги има дизелот (ама за мене сепак помали него кога конвертираш на плин).
Бидејќи не возам преголема километража на годишно ниво на бензин (10000-15000 км од кои барем пола на отворен пат каде што ми троши помалку), и очекувам таа километража на возење на бензин уште да падне, од кога доста го возам Цитроенот дизел низ град, не ни помислувам да прејдам на плин.
Ќе ја повторам уште еднаш поентата која ми е . Да морав да прејдам на плин, ќе прејдев свесен за позитивностите (помала цена по поминат километар), ама немаше да се убедувам дека е само позитивн без ништо негативно, односно ќе бев свесен и за негативностите.
Сепак изборот е тотално индивидуална работа, и мене не ми пречи ако некој одлучил да вози на плин.
Мене ми пречи што на форумов фанатички се бранат марките, моделите, изборите што се направени од некого, без воопшто отвореност дека можеби тој избор има и некои маани покрај предностите.
И како целта да не е аргументирана критичка дискусија, туку само потврда дека само личниот избор е исправен (и нема никаква негативност или маана).