Автор Тема: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport  (Прочитано 7436 пати)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« на: 13 Март 2012, 23:11:26 pm »
Епа ете го,стигна друг Меган во мојата фамилија.Се разделив од претходниот лепотан и овој ја имаше таа чест и привилегија да го замени,се надевам дека ќе ја оправда довербата.

Замената се случи непланирано и случајно,ама најголема причина е дизелскиот мотор кој беше неизбежен со оваа цена на горивата!

Да се вратиме на Меганот

*Дата на раѓање: 10.2006
*Изминати Км.88000

*Мотор:
1461cc 106 PS/78 kW/240Nm
*Менувач:6 степен

*Опрема:Sport
Комплетна електрика на прозори и ретревизори,дигитална клима,сензор за дожд,сензор за светло,кожен волан и рачка на менувач,радио цд со команди на волан со 6 звучници и сите други стандардни додатоци,непотребно е да ги набројувам.

Возилово го поседувам 10тина дена кои ги искористив да проверам и да заменам се што е потребно.Околу моторот направив така малце поголем сервис,чисто заради моја сигурност.
Сервисот се состоеше од сите филтри,масло,ставив и Ceratec во маслото по препорака на поискусниве членови на форумов.Ги сменив каишите и затегачите,водната пумпа,ставив нов акумулатор зошто беше првиот и мислам дека немаше да тера уште долго.

Проверени и центрирани преден и заден трап,сменети две спони на предницата и променети два предни амортизери кои беа делумно потрошени и сакав да ги сменам за да си имам стегната предница,а задните амортизери сеуште се во одлична состојба.

Тоа би било тоа отприлика,за овој период додека го возам сум задоволен,пријатно сум изненаден од моторот кој одлично се однесува и низ град и на отворен пат,убаво си повлекува и што е најбитно сето тоа проследено со одлична потрошувачка од 6-6.5 градска вожња без никакво штедење и тестирање на можностите на моторчето дури некогаш и со малку претерување.Отворен зависи како сум расположен ама не надминува од 5.5 со темпераментна вожња а може да потроши и помалце.

Стигнав и да направам некоја мала модификација.
Бандажите си ги извадив од претходниот Меган и мислам дека добро се вклопија иако бев скептик.Многу добро го разбија сивилото што преовладува на надворешниот изглед.
Ги променив сите можни сијалички во ентериерот и надвор од него со лед сијалички.
Ги наместив неизбежните ксенон светла кои многу добро светат поради лупата која ја има во фарот.

Толку е сега за сега,а планови имам многу.
Најприоритетни се:
Клима фолии во најскоро време,добро полирање,зачистување на ентериерот,ставање на озвучувањето кое си го извадив од претходниот и најважно еден ремап на моторчето да му додадеме некое коњче плус.

Еве и некоја аматерска слика колку да не е без ич.

       
       
       
       
       



 




Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #1 на: 13 Март 2012, 23:18:14 pm »
Супер изгледа французинот,одлично сочуван.Домакинско дизел моторче кое троши како зипо.Создравје да си го возиш.

Бандашот супер му легнал.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #2 на: 13 Март 2012, 23:18:56 pm »
Бомбона! :)
Безброј километри да му свртиш!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #3 на: 13 Март 2012, 23:21:46 pm »
Поисплатливо би било да му ставеше плинче на стариот али бидна.

Со здавје да си го возиш и безброј километри да му свртиш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Re: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #4 на: 13 Март 2012, 23:38:32 pm »
Прекрасно! Да не те видов вчера околу полноќ во Ѓорче?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #5 на: 13 Март 2012, 23:45:32 pm »
Екстра изгледа, многу поличен ми делува овај меган со фејслифтот, бандашите му легнале поубо од на другиот  :) Како шо и напомена мѕ фалат уште фолии и затемнување на штопчината како другиот... и моожи црн кров, ама незнам како би изгледал, ти си знајш  ;D

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #6 на: 13 Март 2012, 23:47:10 pm »
Одлично изгледа + дци појакиот + фејслифт 2-та + како од фабрика........итд, со здравје да те служи. Иако лично не те знам, ама судејќи по ентузијазмот со предходниот Меган, скоро 90% бев сигурен дека пак ќе одиш на Меган, искрено мислев дека ќе зимаш од најновиов - купето, ама и ова е ТОП. Уште еднаш честито.  

Едит: а гледам и бандаживе си ги задржал  :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #7 на: 13 Март 2012, 23:54:02 pm »
Едно големо благодарам на сите!

Drive-r: Не сум љубител на плинот

Zero: Сигурно си ме видел се вртев тоа време низ Ѓорче,ама јас не те видов

n1kola: Се ќе си биде полека

Zippo: И јас бев сигурен дека ќе одам на Меган,околу новиот здравје и тоа ќе бидне,чекам добра понуда,ова искочи непланирано.

Едит:Да,бандажите успеав да ги задржам бидејки нови ми се гумите,а тие бандажи и гуми што беа на овој меган беа ужасни и затоа се согласив и да доплатам повеќе за да си ги задржам.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #8 на: 13 Март 2012, 23:58:47 pm »
Bu$aV  честитo количето. Топ е. А и бојата ми прави мерак :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #9 на: 13 Март 2012, 23:59:39 pm »
So zdravje da si go vozis.
abe zasto ne mozam da gi vidam slikite?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Re: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #10 на: 14 Март 2012, 00:00:28 am »
Честитки и од мене Бушав :)
Многу безгрижни километри и со лесно да иде средувањето.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #11 на: 14 Март 2012, 00:17:08 am »
so zdravje da si go vozis:)
preeska da ne bese vo taftalidze kaj tediko okolu 14:30

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #12 на: 14 Март 2012, 00:20:13 am »
Со здравје да си го возиш Бушав, одлично изгледа меганов како од фабрика е, со планираното полирање може само уште подобро. Одличен избор и на мотор.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #13 на: 14 Март 2012, 00:25:00 am »
Супер е меганчево, со овој мотор троши како упаљач. А и бојава многу убаво му стои, со здравје да го возиш.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 106 Sport
« Одговори #14 на: 14 Март 2012, 00:29:01 am »
Koлку те кошташе комплетниот сервис што го направи?