Епа ете го,стигна друг Меган во мојата фамилија.Се разделив од претходниот лепотан и овој ја имаше таа чест и привилегија да го замени,се надевам дека ќе ја оправда довербата.
Замената се случи непланирано и случајно,ама најголема причина е дизелскиот мотор кој беше неизбежен со оваа цена на горивата!
Да се вратиме на Меганот
*Дата на раѓање: 10.2006
*Изминати Км.88000
*Мотор:
1461cc 106 PS/78 kW/240Nm
*Менувач:6 степен
*Опрема:Sport
Комплетна електрика на прозори и ретревизори,дигитална клима,сензор за дожд,сензор за светло,кожен волан и рачка на менувач,радио цд со команди на волан со 6 звучници и сите други стандардни додатоци,непотребно е да ги набројувам.
Возилово го поседувам 10тина дена кои ги искористив да проверам и да заменам се што е потребно.Околу моторот направив така малце поголем сервис,чисто заради моја сигурност.
Сервисот се состоеше од сите филтри,масло,ставив и Ceratec во маслото по препорака на поискусниве членови на форумов.Ги сменив каишите и затегачите,водната пумпа,ставив нов акумулатор зошто беше првиот и мислам дека немаше да тера уште долго.
Проверени и центрирани преден и заден трап,сменети две спони на предницата и променети два предни амортизери кои беа делумно потрошени и сакав да ги сменам за да си имам стегната предница,а задните амортизери сеуште се во одлична состојба.
Тоа би било тоа отприлика,за овој период додека го возам сум задоволен,пријатно сум изненаден од моторот кој одлично се однесува и низ град и на отворен пат,убаво си повлекува и што е најбитно сето тоа проследено со одлична потрошувачка од 6-6.5 градска вожња без никакво штедење и тестирање на можностите на моторчето дури некогаш и со малку претерување.Отворен зависи како сум расположен ама не надминува од 5.5 со темпераментна вожња а може да потроши и помалце.
Стигнав и да направам некоја мала модификација.
Бандажите си ги извадив од претходниот Меган и мислам дека добро се вклопија иако бев скептик.Многу добро го разбија сивилото што преовладува на надворешниот изглед.
Ги променив сите можни сијалички во ентериерот и надвор од него со лед сијалички.
Ги наместив неизбежните ксенон светла кои многу добро светат поради лупата која ја има во фарот.
Толку е сега за сега,а планови имам многу.
Најприоритетни се:
Клима фолии во најскоро време,добро полирање,зачистување на ентериерот,ставање на озвучувањето кое си го извадив од претходниот и најважно еден ремап на моторчето да му додадеме некое коњче плус.
Еве и некоја аматерска слика колку да не е без ич.