@Falanga
Секако дека знам. Прво ги прочитаа сетирањата од моето ECU, ги испратија кај дечките од Пиасини во Италија, а од таму вратија фајл со нови параметри.
Мапирањето се прави врз база на претходни испитувања при различна туража и се задаваат нови параметри. Во принцип ремапите општо се прават заради перформанси, но има и ремапи за економичност. Најчесто и со ремапот за перформанси се подобрува економичноста доколку возилото го возиш економично. Ако го аздисуваш, секако дека за да извади поголема моќност ќе треба да согори и повеќе гориво, т.е. да има поголема потрошувачка.
Фабрички се поставуваат полабави сетнизни бидејќи возилата се прават за разни физички услови (различни надморски височини, различни температури, различни типови горива, различни влажности на воздухот и др.) како и задедени законски рестрикции (емисии на гасови, максимална моќност на мотор, однос на емисии и зафатнина или макс. моќност) и еуро норми. Покрај тоа, фабрички се остава простор за понатамошен "апгрејд" на моторот. Затоа ќе видиш еден ист мотор во различни варијанти. На пример мојот мотор го има и во Мондео и тоа во 115КС, 125КС и 130КС верзии. Или на пример види го Cee'd со 1.4 мотор кој го има во верзии со 109КС и 90КС максимална моќност.