Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1853058 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #915 на: 05 Октомври 2012, 21:52:22 pm »
Фала ти Сале на утехата :) Искрено денес сум нешто посебно индиспониран :/ Верувам дека изведувачот ќе најде некое решение и дека ќе се реши и овој проблем, бар до сега биле исклучително фер, незнам...
Од друга страна се радувам кога читам дека кај тебе све оди по план и програм ;) Ајде чекаме сликииииииииииииииии !!! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #916 на: 05 Октомври 2012, 22:40:38 pm »
Јуначко срце не издржа па се качив до горе...Излезено е стакло...Исполирано, исчистено и убаво разлиено...Не можев да сликнам, тоа утре, а набрзинка морав да ги исчистам плочките кај што имаше неколку капки лак, да не ми стегнат па да ги гребам со скалпер...Како дрогиран сум :))

Него со твојов проблем кој ти се појави...Најсериозно ти викам дека нема некоја огромна потреба од такво нешто и уверен сум дека нема да има проблем...Ако ти е толку многу шубе, над горната стаза нека се ископа канал со одредена длабочина и нека се стави ете таа фолија...Па потоа и да се затрупа само со земја ке биде доволно да не тге јаде совест...Инаку влага се појавува од преголема количина на вода која се слива цело време на едно те исто место...Колку што се гледа кај тебе е малку косо, така да влага мислам дека нема  шанси да се јавува...
И не е лошо решение да се направи како каналче ако баш сакаш како што ти реков, дел од водата да се слива покрај стазите и да оди надоле...
А и на крај краева, влага нас ке не изеде а не па куќите...
Глеј си здравје, остај тоа нервозите...

Еве го цитатот :)
Ајде со среќа нека е Џиџи...Убаво е све...Што сте намислиле тоа да си направите... :)
Него све тоа убаво што сте започнале, ама глеам темеливе без хидро изолација под нив? Или нема потреба?
Во принцип не би било лошо да има под нив некоја терхартија или пак онаа пластичнана фолија со крукчиња што е...
Мада порано немало ништо па немало никаков проблем...
Како и да е, се надевам дека за месец дена ке има кров...а? Или поскоро ке биде? :)
Незнам кој ти е концептот, дали и плоча ке ставате, или горниот дел на греди ке биде?
Ја ипак би идел на плоча...Плоча си е плоча :)

И твојот одговор:


Хидроизолација апсолутно нема потреба, пошто нема ни вода :) Приклучени сме на градски водовод, земјата е црвеника (6-та класа), значи бетон! :D Вода (кога врне) не лежи ради поставеноста на плацот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 121
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #917 на: 06 Октомври 2012, 01:47:18 am »
Немора да има никаква изолација, ако подлогата е како што треба...
Еве на пример, кај мене во бараката, доле нема никаква изолација...Никад немало влага...Но принципот на кој била правена бил многу добро решен...На времето немало такви изолации и тн итн...
Но добро е да има...Ете како што реков...Кога ги ставав стопите ставив тер хартија, таа ке го штити од влага...
Но не заборавајте дека бетонот го држи влагата, се разбира до одреден степен...Прекумерна го распаѓа, но и ако нема влага ке се претвори во прашина...
Ипак мислам дека Џиџи кај тебе нема да има проблем...
Доколку сакаш таква хидро фолија да ставаш, ке морат да се поткопуваат стазите, а тоа не е за поздравување...Можеби како некое квази решение, ако те јаде јанза, околу стазите да се ископа канал, па потоа да се стави фолија колку толку надоле, па после да се избетонира како каналче итн итн...Но тоа ти викам неможе во целост да направи заштита..Обично за целосна заштита, целиот терен пред било каков зафат се постила со таква фолија, па после се работи се врз неа...
Такви работи се дешаваат на нови проекти, на објекти, згради итн итн...
Ипак ова е индивидуална куќа и нема потреба за паника...Барем јас така мислам :)
Евентуално пак ке речам само од едната односно од задната страна, онааа од кај што има веројатност да се слива водата...Толку само...

Инаку денес кај мене удрена третата и финална рака лакче...
Не сум се качил горе да не кревам прашини и да не предизвикувам циркулација на воздух ради прашина, мада се е веќе засушено...Како и да е, ке издржам до утре :) Па ке абдејтирам со некоја слика :)


Заборавив да пишам дека кај мене куќата е ѕидана со бетонска цигла и е еден метар во земја, а нема никаква изолација помеѓу земјата и циглата.
.!.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #918 на: 06 Октомври 2012, 13:25:06 pm »

Цитат

Него све тоа убаво што сте започнале, ама глеам темеливе без хидро изолација под нив? Или нема потреба?
Во принцип не би било лошо да има под нив некоја терхартија или пак онаа пластичнана фолија со крукчиња што е...
Мада порано немало ништо па немало никаков проблем...

Цитат
И твојот одговор:
Цитат

Хидроизолација апсолутно нема потреба, пошто нема ни вода :) Приклучени сме на градски водовод, земјата е црвеника (6-та класа), значи бетон! :D Вода (кога врне) не лежи ради поставеноста на плацот.


Така мислев, пошто слабо одев натаму иако 18 години го имам местово. Одев само кога е убаво времето на скара, пукање и сл. Сега, ради градбава имав прилика да идам и кога врне. Прво, оној „бетон“ од земја на суво, целиот испукан со големи влабнатини, канали и шуплини буквално се претвора во жив песок. Ако згазнеш, тонеш, калта е неверојатно леплива и нема шанси да ја извадиш ногата од калта. Последниот пат кога врнеше ќе се претумбав со АХ-от на патот за нагоре - кај што се одвојувам од асфалтитаниот пат, па нагоре према викендичката. Од левата страна подлогата пропадна, колата потона (иако на суво е толку тврда земјата да неможеш со копач да удриш), се наведна и почна да се лизга настрана, надолу-накај патот ... Среќа не бев сам, а Ситроенот лесен, па некако ме вратија на асфалтот. Замисли што се случува ФАТАМОРГАНА :D давам гас, а колава не мрда, у мајката викам изгледа мењачот сум го „решил“, пробувам пак - исто. Излагам надвор и што ќе видам ... не ги гледам тркалата од кал. Пробав некако да ги измијам, исчистам, а бе ЈОК бе брате-не искача тоа лепливо говно ;D И ај ОК, да не дужам, друго ми беше муабетот:

Пишав дека „Вода (кога врне) не лежи ради поставеноста на плацот. “ што е точно АМА до сега немало објект т.е. препрека и сега цела вода од шумичката надолу по природен пат удира во куќата, дел од неа понира во неа нормално, а дел бега лево или десно од објектот. Изведувачот (со кој искуството најискрено до сега ми е апсолутно позитивно, што се гледа и по милионите фалби и реклами што му ги удрив) е искусен и стар волк, нормално дека го знае ова, ама најверојатно мајсторите едноставно понесени од церемонијалната претстава дента кога се ставаа темелите и обилниот и вкусен оброк, крвта им се спуштила во стомакот, па така мозокот останал „сув“ и се случи тоа што се случи :) После истите ме тешеа со некакви цоклиња пред тротоарите и пад на лево и десно, па незнам, до рамнење на исто ниво на теренот позади куќа и што све не се изнаслушав. Стандардот е единствен и само така може да се изведе. Се работи за технички недостаток, а не моја желба или сл. Се надевам дека и овој пат изведувачот ќе пронајде вистинско решение за овој проблем, кој нема дополнително да го оптерети мојот веќе и онака осиромашен буџет. Непредвидливи трошоци секогаш излагаат, не бадијала народот рекол дека домашниот есап на пазар не излегува, АМА затоа пак секогаш имаш избор пред тебе САКАШ ова за толку и толку ИЛИ не сакаш? Одлуката е твоја! Како и да е, никогаш не смееш да дозволиш да бидеш ставен пред свршен чин ...
Да, нервози има јбг неизбежниот дел коа си у контакт со мајстори, утеха ми е што знам дека секој проблем е решив на овој или оној начин и верувам дека доброто со добро се враќа !

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #919 на: 06 Октомври 2012, 14:28:36 pm »
Џиџи, барем во денешно време има материјали и решенија со кои може се да се реши. Немој толку многу да му се секираш гледај си малце и мерак во куќарката. За хидро изолација дедо ми во Маврово беше соочен со ваков сличен проблем и го реши така што  покрај стазите (околу 2 метри од куќата) ископа како за темелче тенко околу 80 цм и го обложи со најлон мислам и потоа го избетонира и проблемот се реши. Ако треба некаква помош јас во следниов период можам да ти се најдам за било што викај ако треба :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #920 на: 06 Октомври 2012, 15:05:33 pm »
Фала Томе, го ценам ова веруј и ќе гледам да ве послушам за видната нервоза која ме прати од вчера.
Со амин од класниот, како член на форумов и задоволен клиент (бар до карабина - се надевам дека ќе го задржам убавото мислење до крај на проектов) во подфорумов „ЕКО куќи“, решив јавно да го презентирам името и контактите на изведувачот Тектум Инженеринг од Неготино (без никаква надокнада - НЕ Е РЕКЛАМА), кој впрочем на почетокот во една прилика и го спомнав (ако некој редовно го прати од почетокот знае). Кој сака слободно може да им се обрати, нека се повика на мене djidji од carclub (или Драган од Скопје), како сакате, убеден сум дека ќе добиете најквалитетна и најбрза услуга за извонредна цена! Името на сопственикот е Даре, а на татко му Ѓоко (кој всушност сеуште е и двигателот на компанијава). Истите ги има на Facebook, а имаат и своја WEB страна. На овој начин комуникациката ќе биде олеснета, а со тоа и транспарентноста на преговорите. Да не должам, пошто ионака имав еден куп побарувања на ПП, FB, телефон и сл.:

http://www.facebook.com/TectumEngineering?fref=ts

http://www.tectum-ing.com/

E па среќно ! Се што ве интересира слободно дискутирајте и консултирајте се во оваа тема специјално отворена за вакви работи. Ви пожелувам многу безгрижни проекти за вас и вашите најблиски! 
Од друга страна верувам дека и Тектум Инженеринг ќе има доблест да го цени и награди ова што carclub го прави за него, и брзо ќе сфати дека carclub не е заебанција !!!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #921 на: 06 Октомври 2012, 15:39:53 pm »
:)
Ах бре Џиџи не слушаш паталци него гаталци...
Како и да е, биднало, не му се секирај...Све може да се среди, точно, ништо не е нерешливо...
BTW колку што се сеќавам на форумов има и АРХИТЕКТ, од градежен факултет...Можда ке даде некоја паметна идеја, некое интересно решение, некаква солуција...
Јас имам веќе нешто во главата, онака замислено, аматерски, ама неможам да ти го објаснам овака написмено, него морам усмено...Затоа спреми нешто за пиење и мезе (пиење да не се исуши уста од зборење, а мезе да не останеме поише време па да ни се пријаде :D ) и мислам дека ке се реши проблемот :)

Него еве и јас мал апдејт за тоа како испадна финало патосот...Малку му пуштив време поише ради обврски, но конечно го доби својот финален лик кој мене искрено ми се допадна и сега можам да кажам дека сум стварно задоволен од целокупната работа. Денеска се лакираат лајсните, утре фтора рака и од понеделник ке се местат и они лека полека.









Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #922 на: 06 Октомври 2012, 16:00:10 pm »
Леле, леле, лелеееееееееееееееее СТАКЛО еј !!!!!!!!!! ц ц ц  Свака им част на тие што правеа - е тоа ти се мајстори, од секое дрвце не бива свирче :D Браво уште еднаш, Сале богами и ти имаш дебел разлог за частење ;D Милина за очи, веруам дека у живо е уште поубаво (ако може да биде поубаво :) ). Викај коа ќе биде све комплет готово, суво ... ;) Ми го разубави денот да ти кажам !!!

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #923 на: 06 Октомври 2012, 16:16:35 pm »
сале брат мене би ми било жал да газам по ова бе :) одлично испаднало свака част

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #924 на: 06 Октомври 2012, 16:43:33 pm »
Сале богами и ти имаш дебел разлог за частење ;D

Ја више не викам...  ;D

@ VLATKO...
И мене ми е жал, ама прееска морав...Морав да отворам прозори да се луфтира  ;D

А и малоно да е здраво и живо коа ке му влезе со количките да брмчи има како тркачка стаза да го направи  ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #925 на: 06 Октомври 2012, 16:58:35 pm »
Бонбона.....



Имам шлајки од столче, со лак да се наполнат дупчињата нема да се познава?
Или др. идеја освен стругање.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #926 на: 06 Октомври 2012, 17:04:19 pm »
Ништо брат, тоа тие е ко јунфер да сакаш да зашиеш :D Сеа пак трошак исти ... наново вадење, па замена на тие шо ти се со шлајки, па прередување, стругање, лакирање и све она по ред како што идеше! ;D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #927 на: 06 Октомври 2012, 17:31:20 pm »
Аууу Сале шо напраи бе? Огледало е ова. Браво за мајсторите одлично излегло!
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #928 на: 06 Октомври 2012, 17:43:55 pm »
Пред едно три-четири години во некои од собите од станот претежно по ќошовите од ѕидот којшто е надворешен ѕид на зградата се појави мувла. Преку лето ја чистам и кречам, али кога ке се намалат температурите преку зима обавезно фаќа. Да не има некој совет да понуди или ке мора да се прави надворешна изолација на фасадата? Дали има да се купи бела боја со некои примеси против мувла или нешто слично?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #929 на: 06 Октомври 2012, 17:59:50 pm »
Хмзззззз...
Има едно решение, а одговорот веќе го кажа во претходниот пост...
Само можеш и следнава работа да ја пробаш ако сакаш да инвестираш некој денар. Може да направиш ѕид на ѕид, односно нешто како сендвич...
На постоечкиот ѕид ке се стават најтенки кнауф профили, или штафнички, 3цм дрвени, празнината ке ја пополниш со тервол од 5 цм или пак со стиропор 3 цм, и одозгора кнауф. И тоа табла врз табла, односно две табли. После глетување и кречење...Мислам дека не е некоја голема инвестиција, а ке го решиш проблемот да не ти се појавува мувла. Или пак како поефтина варијанта некоја боја од Ceresit, мислам дека они имаа некое такво хемиско решение...

Аууу Сале шо напраи бе? Огледало е ова. Браво за мајсторите одлично излегло!

Док не бидне ко што сакам јас, неможам да спијам...
Оболеф  ;D  ;D  ;D
Инаку ако е некој заинтересиран за оваква изработка, на паркет или патос, нека ме контактира на ПП ке добие број  ;D
Не зимам провизија, не се секирајте  ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.