Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2557917 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3790
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22065 на: 27 Август 2024, 14:29:06 pm »
Денеска ме изнервира едно дете со Опел Корса. При претицување тргна да се движи накај мене со колата па морав на автопат да кочам максимално за да избегнам судар. Дури толку беше глуп што не ни беше свесен што направил. До него си седеше некој дечко со една нога на прозорот совозачки а друга на шал таблата. Се надевам ќе им се дупне гума на автопат каде што нема сенка и да дремат на сонцето барем 1 саат по казна.



If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5120
  • Пиши лаже
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22066 на: 27 Август 2024, 14:30:51 pm »
Слични ситуации имав на 3,4 пати и тоа сите од Србија беа. На кривините после Катланово морав да се укопувам и да одам до заштитна ограда.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22067 на: 27 Август 2024, 14:41:03 pm »
Мислам дека знам кој е  ;D
Тие со корси, вектри и бмв е46ки ги избегнувам максимално.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
  • Бенве сие бенве
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22068 на: 27 Август 2024, 20:38:56 pm »
Денеска ме изнервира едно дете со Опел Корса. При претицување тргна да се движи накај мене со колата па морав на автопат да кочам максимално за да избегнам судар. Дури толку беше глуп што не ни беше свесен што направил. До него си седеше некој дечко со една нога на прозорот совозачки а друга на шал таблата. Се надевам ќе им се дупне гума на автопат каде што нема сенка и да дремат на сонцето барем 1 саат по казна.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не ја виде ли таблицата бе Саше, не ги слушаш ли моите совети бе дете.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6765
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22069 на: 27 Август 2024, 22:23:56 pm »
Прилепчанец со Car Club Bitola стикер   :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3790
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22070 на: 28 Август 2024, 00:46:07 am »
Денеска ме изнервира едно дете со Опел Корса. При претицување тргна да се движи накај мене со колата па морав на автопат да кочам максимално за да избегнам судар. Дури толку беше глуп што не ни беше свесен што направил. До него си седеше некој дечко со една нога на прозорот совозачки а друга на шал таблата. Се надевам ќе им се дупне гума на автопат каде што нема сенка и да дремат на сонцето барем 1 саат по казна.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не ја виде ли таблицата бе Саше, не ги слушаш ли моите совети бе дете.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Одма тоа си помислив брату, Опел, Прилеп.... викам џабе ќе се нервирам, требаше да знам :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22071 на: 30 Август 2024, 21:31:34 pm »
Овој период ако возите низ Тиквешијата, бидите ептен внимателни, особено навечер. Премногу има трактори низ патиштата, од кои да не претерам, ама пола од нив навечер не се осветлени, и малку треба да се случе некоја трагедија.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14200
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22072 на: 30 Август 2024, 22:22:03 pm »
Добро бе уште со тие тракторите возат не осветлени?
Колку е тоа тешко луѓето да го разберат дека е опасно за секој,а и колку е тешко за полицијата да им забарани да се движат така.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22073 на: 30 Август 2024, 22:32:18 pm »
Да да за жал, уште го има тоа. За такво нешто стварно треба да има голема казна, па можеби ќе се опаметат. У денешно време е лесно, ако не повеќе земи една лед трака од пазар, поврзи ја на акумулаторот и ќе биде осветлен...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6765
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22074 на: 31 Август 2024, 01:43:06 am »
Македонија и се е можно, возам 120 на автопат, ме поминува автобус, возам 80 на плетвар, ме поминува повторно автобус  ;D Застанале со четири жмигавци на сред лента на автопат, ни тријаголник ништо,  just Македонија  :) Патиштата од месец во месец ни се се полоши, за жал во рикверц возиме ко држава, а гледаме напред. На граница Шипо незнај 2 збора да сврзи на македонски, битно на граница работи.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8512
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22075 на: 31 Август 2024, 02:14:33 am »
Епа, алтобусо ЕрЕс, ти со спора кола - шо очекуваше, не знам?!
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
  • Бенве сие бенве
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22076 на: 31 Август 2024, 08:36:49 am »
Македонија и се е можно, возам 120 на автопат, ме поминува автобус, возам 80 на плетвар, ме поминува повторно автобус  ;D Застанале со четири жмигавци на сред лента на автопат, ни тријаголник ништо,  just Македонија  :) Патиштата од месец во месец ни се се полоши, за жал во рикверц возиме ко држава, а гледаме напред. На граница Шипо незнај 2 збора да сврзи на македонски, битно на граница работи.
Јас имам видено 2 коли застанати на ЅОЅ во тунелот кај демиркапија и излезени сите надвор јадеа бурек на хауба.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1770
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22077 на: 31 Август 2024, 08:57:09 am »
Гарант пред чочекот да го свртат да не е на гладен стомак

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14200
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22078 на: 31 Август 2024, 10:09:23 am »
Па в тунел под сенка ќе јадат,а не надвпр на сонце.
Мене ми е чудно како никој сеуште не застанал таму да продава овошје/зеленчук.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6765
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22079 на: 31 Август 2024, 10:44:23 am »
Имав и интересна дешавка со турчин на влез во Унгарија, застанал со С класа мечка и камион имаше зад него и стопира, постар човек, застанав да видам дали можам да му поможам и ми вика голем проблем, останал без гориво, картичката му била блокирана, а кеш пари немал бил со три деца, па ми бараше кеш пари, како гаранција ми даваше "златни" ланци и визит картичка од некоја фирма преку која ќе сум си ги врател парите...ај важи реков, барај ги ADAC ќе ти донесат гориво