Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Имав и интересна дешавка со турчин на влез во Унгарија, застанал со С класа мечка и камион имаше зад него и стопира, постар човек, застанав да видам дали можам да му поможам и ми вика голем проблем, останал без гориво, картичката му била блокирана, а кеш пари немал бил со три деца, па ми бараше кеш пари, како гаранција ми даваше "златни" ланци и визит картичка од некоја фирма преку која ќе сум си ги врател парите...ај важи реков, барај ги ADAC ќе ти донесат гориво
Страшно ме нервираат идиотите што паркираат на булевар „само на пет минути“... Ма уште повеќе ме нервира полицијата што не си ја работат работата и не ги казнуваат.Мислам дека 50% од гужвите и застоите се заради ваквите идиотизми што се прават и толерираат. Ај навечер ќе разберам, ама наутро и дење во шпицовите? ММЕ!
Не сфаќам како е можно секоја вечер да се тркаат шошони и остала багра пред Силбо, и да не постои полиција да казнува. Буквално со 20 џандари ќе се смират 80% од срањата низ Скопје.Нон стоп има вработувања на џандари, а нигде ги нема.