Да ја опишам ситуацијата од некни.
Тргнувам од Рамстор (железничка) кон К.вода. Имам 2 опции, или лево кон Ј.Мијалков, или наврат нанос у гужвата да се престојувам за десно па кон Рекорд.
Поедноставно ми е лево.
По Јордан Мијалков возам по средна лента, не успевам да се престројам лево за по надвозникот од ј.булевар (после 2 неуспешни обиди не ни инсистирав), но ја фаќам левата празна лента на семафорот. Се пушта семафорот, вртам лево и се движам по лева лента, воедно вклучувам десен жмигавец за престројување бидејки не сакам да возам кон Рамстор, туку десно кон Кисела вода.
Никој не ме пушта, стигнав до островчето, застанав и чекам некој да се смилува, позади мене уште една кола со иста мака, почнаа да свират отпозади тие за кон Рамстор.
Видов малку простор меѓу 2 коли и се упикувам малку на сила пред еден Каптур, тоа свирење, тоа тргни/закочи (ќе те удрам жими се), мавтање со раце, кубење коси (отпосле видов дека е чупе у Каптуро), не очекував толкав стрес од девојка
Според неа и многумина други можеби не требаше да се престројувам, односно да си возам од каде сум тргнал, назад кон Рамстор