Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2633507 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21915 на: 19 Октомври 2022, 19:47:16 pm »
Аииии, што проклет народ сме станале, да не можеш да се престроиш ако со сила не се убуташ.
И тоа ај ќе речеш у гужва, некој чекал 3 минути па не може ти тазе дојден да му се упикаш пред него, ама и кога не е гужва, кога ќе дадеш жмигавец како да е знак за тој на соседната лента (сепак поназад од тебе) да даде гас.
Па за престројување се работи, не за златна медаља.



Не сум шовиниста, но кај шоферките е особено изразен ефектот на непуштање. Веројатно пробуваат нешто да докажат....
Можеби да докажат дека сите треба да се културни во сообраќајот и да си го чекаат својот ред наместо да пробуваат да заобиколуваат ако пред нив има 3 коли па да се бутаат ко имбецили.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21916 на: 19 Октомври 2022, 22:37:20 pm »

Можеби да докажат дека сите треба да се културни во сообраќајот и да си го чекаат својот ред наместо да пробуваат да заобиколуваат ако пред нив има 3 коли па да се бутаат ко имбецили.


Да, дел од културата е да дозволиш човек да се престрои. Само некој треба да им каже. А не да цапнува на гас кога сакаш нормално да се престроиш. Нема круната од глава да ѝ падне ако пушти возило да се престрои.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21917 на: 19 Октомври 2022, 23:05:36 pm »
Ми се случува веќе 3 пати досега. Копито со такси на излез од кружен застанал во лента. Застанувам зад него помислив му текнало да се симне на тој баш тука, додека во тој момент мајсторот мава у рикверц и ни ретровизор ни ништо трга.
Среќа ја опнав свирката инаку отиде у браникот...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21918 на: 20 Октомври 2022, 20:48:16 pm »

Можеби да докажат дека сите треба да се културни во сообраќајот и да си го чекаат својот ред наместо да пробуваат да заобиколуваат ако пред нив има 3 коли па да се бутаат ко имбецили.


Да, дел од културата е да дозволиш човек да се престрои. Само некој треба да им каже. А не да цапнува на гас кога сакаш нормално да се престроиш. Нема круната од глава да ѝ падне ако пушти возило да се престрои.

Океј е да пуштиш човек да се престрои. Чим е пред тебе, има дадено жмигавец, нема сакам/нејќам мораш да го пуштиш да се престрои факт.
Зборам за другото сценарио, каде копитото гледа 3 коли пред него и го гледаш во ретровизор со телефон на уво како тргнува да заобиколи ред за да се бутне 3 коли понапред.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21919 на: 20 Октомври 2022, 21:29:03 pm »
Јас те разбирам, но стоката се разликува по однесување од културните луѓе кои имаат потреба да се престројат, и не им е проблем да причекаат ако не ги пушти нафураната госпожА со муштикла у една рука и ајфон у друга, со поглед „не те перципирам ни со крај на око“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21920 на: 21 Октомври 2022, 01:02:21 am »
Чим е пред тебе, има дадено жмигавец, нема сакам/нејќам мораш да го пуштиш да се престрои факт..

За ова не се слагам и воошто не е точно дека мораш да го пуштиш да се престрои. Жмигавецот е намера за промена на правец, не е команда за почитување на сите други учесници во сообраќајот и не дава никаква предност на тој што го вклучил.

Ова е исто како да возиш во лева лента на автопат и некој што вози поспоро од тебе и е во средна лента (а е пред тебе) да даде лев жмигавец и да ти се убаци во лента.
Викни полиција отпосле ако се десат срања, ќе си видиш кого ќе теретат.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21921 на: 21 Октомври 2022, 03:09:04 am »
Чим е пред тебе, има дадено жмигавец, нема сакам/нејќам мораш да го пуштиш да се престрои факт..

За ова не се слагам и воошто не е точно дека мораш да го пуштиш да се престрои. Жмигавецот е намера за промена на правец, не е команда за почитување на сите други учесници во сообраќајот и не дава никаква предност на тој што го вклучил.

Ова е исто како да возиш во лева лента на автопат и некој што вози поспоро од тебе и е во средна лента (а е пред тебе) да даде лев жмигавец и да ти се убаци во лента.
Викни полиција отпосле ако се десат срања, ќе си видиш кого ќе теретат.


Ова што го опиша е пречење во претекнување постои казна, доколку мислеше дека некој те прекинува во претекнување. А возење без престан не сум сигурен ама може да беше исто така прекршок.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21922 на: 21 Октомври 2022, 07:29:43 am »
Чим е пред тебе, има дадено жмигавец, нема сакам/нејќам мораш да го пуштиш да се престрои факт..

За ова не се слагам и воошто не е точно дека мораш да го пуштиш да се престрои. Жмигавецот е намера за промена на правец, не е команда за почитување на сите други учесници во сообраќајот и не дава никаква предност на тој што го вклучил.

Ова е исто како да возиш во лева лента на автопат и некој што вози поспоро од тебе и е во средна лента (а е пред тебе) да даде лев жмигавец и да ти се убаци во лента.
Викни полиција отпосле ако се десат срања, ќе си видиш кого ќе теретат.
Немој тоа што не е забрането е дозволено.

Култура малку.

ПС ако некој те мавне движејќи се  у рикверц, иди докажи дека ти не си го удрил тој пред тебе.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21923 на: 21 Октомври 2022, 07:38:27 am »

Култура малку.


Кај нас пиштоли и ножеви се вадат заради паркинг места, ти култура бараш...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21924 на: 21 Октомври 2022, 09:40:10 am »
Да ја опишам ситуацијата од некни.

Тргнувам од Рамстор (железничка) кон К.вода. Имам 2 опции, или лево кон Ј.Мијалков, или наврат нанос у гужвата да се престојувам за десно па кон Рекорд.
Поедноставно ми е лево.
По Јордан Мијалков возам по средна лента, не успевам да се престројам лево за по надвозникот од  ј.булевар (после 2 неуспешни обиди не ни инсистирав), но ја фаќам левата празна лента на семафорот. Се пушта семафорот, вртам лево и се движам по лева лента, воедно вклучувам десен жмигавец за престројување бидејки не сакам да возам кон Рамстор, туку десно кон Кисела вода.
Никој не ме пушта, стигнав до островчето, застанав и чекам некој да се смилува, позади мене уште една кола со иста мака, почнаа да свират отпозади тие за кон Рамстор.
Видов малку простор меѓу 2 коли и се упикувам малку на сила пред еден Каптур, тоа свирење, тоа тргни/закочи (ќе те удрам жими се), мавтање со раце, кубење коси (отпосле видов дека е чупе у Каптуро), не очекував толкав стрес од девојка

Според неа и многумина други можеби не требаше да се престројувам, односно да си возам од каде сум тргнал, назад кон Рамстор ;D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21925 на: 21 Октомври 2022, 09:57:51 am »
Жени и Captur очигледно е страшна комбинација, пред некој ден на раскрницата кај Меркур во Автокоманда од другата страна на булеварот чекам да свртам десно накај Железара, и тука автобус ме имаше заблокирано баш доволно за да не можам да свртам. Фаќање едно жениште во Captur да свири од позади мене, како ја да сум будала што нејќам да си искршам колата по тротоарот за да свртам десно одма место да почекам две минути, виде не виде се испентари по тротоарот, успут ќе воскреснеше бициклиста на возачка патека ама битно си помина цурата. Среќа сум отрпнат веќе, па само се изнасмеав за целава ситуација пошто сообраќајна култура во Скопје, поготово во последно време е тееешка трагедија.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21926 на: 21 Октомври 2022, 11:15:36 am »
Да ја опишам ситуацијата од некни.

Тргнувам од Рамстор (железничка) кон К.вода. Имам 2 опции, или лево кон Ј.Мијалков, или наврат нанос у гужвата да се престојувам за десно па кон Рекорд.
Поедноставно ми е лево.
По Јордан Мијалков возам по средна лента, не успевам да се престројам лево за по надвозникот од  ј.булевар (после 2 неуспешни обиди не ни инсистирав), но ја фаќам левата празна лента на семафорот. Се пушта семафорот, вртам лево и се движам по лева лента, воедно вклучувам десен жмигавец за престројување бидејки не сакам да возам кон Рамстор, туку десно кон Кисела вода.
Никој не ме пушта, стигнав до островчето, застанав и чекам некој да се смилува, позади мене уште една кола со иста мака, почнаа да свират отпозади тие за кон Рамстор.
Видов малку простор меѓу 2 коли и се упикувам малку на сила пред еден Каптур, тоа свирење, тоа тргни/закочи (ќе те удрам жими се), мавтање со раце, кубење коси (отпосле видов дека е чупе у Каптуро), не очекував толкав стрес од девојка

Според неа и многумина други можеби не требаше да се престројувам, односно да си возам од каде сум тргнал, назад кон Рамстор ;D


Апсолутно некоректно што не те пропуштил никој, па заради тоа се прави дополнително заглавување на другите учесници во сообраќајот. Проблемот со непропуштање мислам дека е заради тоа што има еден куп „паметни“ кои намерно не чекаат во колона, туку се прават курназ и сакаат да се убацат први без да чекаат. И многу се такви и другиве што чекаат нејќат никој да пропуштат, зашто со тоа искачаат насамарени.
Ова е одраз на некултурата која владее во сообраќајот, а која доаѓа од општата некултура. Додаде брзање на сите да стигнат некаде, стресот кој се ствара поради тоа и имаш општ хаос во сообраќај. Затоа кој колку може нека проба да кулира додека вози, убаво музиче, тргање пред време за да се стигне некаде па нека се престројуваат и оние кои мораат и оние кои се прават паметни :) Така барем гледав да правам во Скопје, сега ми е топ тука, стварно секој те пропушта, или каде мора да се престроиш од 2 во 1 лента ради стеснување си иде наизменично, како да е правило тоа (може и е) и нема ни свирење ни мафтање со раце, ни стрес.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21927 на: 21 Октомври 2022, 11:49:22 am »
Zipper merge се нарекува таа практика, можда не е закон ама дефинитивно луѓето се обучувани да ја користат уште во фаза на полагање за возачка чим така се одвива течението на сообраќајот без помош од сообраќаен полицаец, односно самоиницијативно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21928 на: 21 Октомври 2022, 15:21:58 pm »
Пред малк, градски автобус почнува да се престројува и почнува условно да потиснува пикап од соседна лента, отприлика кај задниот дел од автобусот, но наместо малку  да успори тој со пикапот од инат додава гас при што мора веќе да прејде на лентата од спротивен правец, го претекнува автобусот и се враќа на своја лента и кочи на црвен семафор.

Инат и само инат е работава.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21929 на: 21 Октомври 2022, 16:44:33 pm »
Пред малк, градски автобус почнува да се престројува и почнува условно да потиснува пикап од соседна лента, отприлика кај задниот дел од автобусот, но наместо малку  да успори тој со пикапот од инат додава гас при што мора веќе да прејде на лентата од спротивен правец, го претекнува автобусот и се враќа на своја лента и кочи на црвен семафор.

Инат и само инат е работава.
Да го видел џандар па ќе му станело јасно зашто не закочил, куртулил мајмунот


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)