Значи не е проблем во големата брзина и во појасот и во светлата (низ град).
Проблем е тоа што во Македонија културата на возење спадна на ниво на свињи. Како свињи да возат, не луѓе.
Тoа што се прави по патиштата не се санкционира, нема начин да се санкционира.
Возам последен во колона, пред мене камион, две коли и два камиона. Значиу вкупно 3 камиони и 2 коли. Полна линија. На 300 метри лева кривина. Од спротивна лента знаат да летаат коли со 160кмх. Не ми паѓа на памет да претицувам колона од 3 камиони и 2 коли на полна линија пред кривина. Затоа што сум нормален, не сум психопат.
И во тој момент камионот пред мене, почна да ја претекнува целата колона од 2 коли и 2 камиони пред него. На полна линија. Пред кривина. А камион стар, скапан, слаб, битолски. Нема снага, оди 80кмх. Ги претекна во кривината, на полна линија, слепа кривина. Ако дојдеше некој од спротивната лента ќе беше масакар.
Како да ги санкционираш овие свињи? Како? Овој е убиец на патот. Како да се справиме со ваквите?