Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2909776 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Миле, да те застанат за најмал дебилен прекршок кој ќе те чини 300 евра па после дојди во темава и објаснувај како е да бидеш љубезен со некој жацо кој денеска единствена желба му е да се иживљава со народот. А у Чаир ко да не постојат семафори.
Епа сеа, јас еве од искуство ти кажувам. Башка имам жацо и во фамилија па сум разговарал. Не се сите гадови како што ги правите. У принцип и на гадот некогаш му е досадно да е гад, и на љубезниот некогаш му е скурчено. Најпаметно е кога си веќе ВИНОВЕН, да се извиниш, да бидеш љубезен, па може ќе куртулиш.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Можда не се сите гадови но повеќето се, ако ти дадам 90% сендвич и 10% гомна може да е дебитабилно дека тоа е сеуште сендвич, но ако ти дадам 90% гомна и 10% сендвич нема дискусија дека сите се гомна. Има огромна разлика помеѓу љубезност и покажување понизност кон нив како да сме ние граѓани од втор ред а они се привилигирани, па за да се чуствураат релевантни и авторитетни мора да реметат население од време на време за да се покаже кој е кој.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Башка СЕ е електронско и нема никаква потреба хартиени глупости да се мкнат кога и онака поените може да се запишани во базата за возачката дозвола.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Не ти кaжувaм, те прaшувaм. Зoштo нa секoе плaчење гo спoмнувaте Чaир.
Штo е муaбетoт, демек aкo спoмнеш ќе се реши прoблемoт?

Нема да го реши него ако правдата и законот важат за сите - по тој концепт ќе треба и таму да важи!

Затоа и го спомнувам пошто вреди да се спомне.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
На мој познаник пред некоја недела му пишале казна за неносење возачка книшка. 100 евра или 45 казнени поени. Колкаво копиле треба да си, кога гледаш дека човекот едвај некако скрпил крај со крај да купи некое скромно количе, да има со што да го однесе детето наваму натаму, и да му пишеш 100 евра за возачка книшка.

А онда прв си за пљукање (не ти него општо зборам) и серење како сељаци врие по патиштава, со неисправни коли, нерегистрирани, некултурни и недисциплинирани, како државата не ни ја бивало и останати срања. А ваму ќе ги к'лнеме службениците зошто некое твое другарче не се позамара една документација уредно да понесе.

Шефе, проблемот е што никаде ги нема кога треба да санкционираат тешки прекршоци кои ЖИВОТ значат, а го тупат за една возачка книшка ? Не заебавај... 

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Глупаво е и нема смисла носење на книшката, кога нема ингеренции џандарот на лице место да евидентира прекршок во неа.Ај да можеа да впишат поени во неа на лице место да тогаш разбирам ама вака.Нема логика.Ова им е само уште еден начин за да пишуваат казни.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Тоа е муабетот, се кријат по грмушки со радарот кај што сите се подулетуваат малце, место да бидат кај што најчесто има несреќи
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Ќе почнат и извод од матична книга на родените да бараат, не постар од 6 месеци, за да го споредат со возачката. Кој апсурд е книшката само.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Можда не се сите гадови но повеќето се, ако ти дадам 90% сендвич и 10% гомна може да е дебитабилно дека тоа е сеуште сендвич, но ако ти дадам 90% гомна и 10% сендвич нема дискусија дека сите се гомна. Има огромна разлика помеѓу љубезност и покажување понизност кон нив како да сме ние граѓани од втор ред а они се привилигирани, па за да се чуствураат релевантни и авторитетни мора да реметат население од време на време за да се покаже кој е кој.

Ало бе Клен. Ти си ВИНОВЕН што не носиш книшка. Си покажал кој е кој. Сега сакаш он да ти покаже кој е он? Затоа биди си на место, кажи дека ти останала во другата кола и дека обично ја носиш.
А да не си крив и да ти сере пандур, ондак имаш полно право да се расправаш и да го колнеш.

Шефе, проблемот е што никаде ги нема кога треба да санкционираат тешки прекршоци кои ЖИВОТ значат, а го тупат за една возачка книшка ? Не заебавај...

Па ти нити си полицаец нити си редовен прекршител па да знаеш дека никаде ги нема за тешки прекршоци. Како можеш такво тврдење да истресеш?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Море Миле :D

Збориме за апсурдот на законот за носење книшка за поени, не дека не треба да носиме :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Море Миле :D

Збориме за апсурдот на законот за носење книшка за поени, не дека не треба да носиме :D

Те разбирам, јас само велам дека во твоја полза е да ја носиш :)
А тебе ако ти е апсурд законот, ете си избрал твои претсатавници во власта, оди кажи им нека го сменат законот. Мене не ми смета, кишката ми е секогаш во новчаник заедно со крвната група, возачката и една друга легитимација :) Немам поима зошто тебе ти смета. Купи си нормален новчаник, не знам што да ти кажам повеќе :)

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Не е расонет изгледа....
 :)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Крив сум што возам кола.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Не е расонет изгледа....
 :)

Хаха, ајде нема да искоментирам сега. Ќе искоментирам понатака кога ќе видам коментар за сонливоста на глупиов народ кој е најпаметен на цел свет.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Навистина ја промашуваш поентата или.....
Не знам ама еве јас не гледам логика во носењето книшка.За џабе е освен за зголемување на буџетот што служи....

А не ни бараат секогаш, зависи од расположение на џандарот.
Последен пат кога ме застанаа ми бара возачка и сообраќајна.Му ги давам го гледа се уредно и почнува да ми пее песна казна толку и толку.Добро еве ја книшката му ја подавам и одма онеме.Зошто не ми ја даде јас му велам не ми ја побаравте, ми побаравте возачка и сообраќајна ви дадов.
Ја гледа празна и се заканува сакаш сега да ја наполниме.Зошто прашав и му велам пиши ајде...
Ми ги врати документите и пријатно господине ме поздрави и толку.