Километар на патарина и кај Неготино. И не ми е јасно како не им е срам да наплаќаат за овие патишта што ги имаме. Возев утрово од Солун, и некаде после делот што се прави, само што излегов на автопат едвај задржав контрола на колата. Возев 140 и на еден дел има такви дупки на самиот автопат, да колата почна да ми губи контрола и да одам од лента во лента. Среќа што се погоди да немаше коли инаку сигурно ќе се превртев или излетав. Со Цитроен -от бев инаку, предпоставувам малку и неговото држење и стабилност има улога во ова, ама сепак е предвиден за нормален пат.