Како спомнав гуми, отиде денот.
Инаку, Skoda Octavia RS, варијанта 5E, во основната спецификација за Македонија, доаѓа со 17инчни тркала.
Поради големината на предните шепи + дискови, помало тркало физички не може да се смести. Уште поважно, најголемиот дел од афтермаркет 17инчни тркала се премали - не ги собира шепите. Тркалата од Шкода имаат поинаков профил за поголем clearance. Од тие причини, одбрав 18 инчни и не зажалив. Да не зборувам дека изборот на гуми за димензија 225/40/R18 е значително поразновиден.
Е сега - комфор. Се работи за возило со суспензија која е различна од стандардната (по-комфорна верзија). Комбинацијата од поголеми тркала, пониска позиција на седење, и делумно ревидиран распоред има за резултат пониско ниво на удобност од стандардната верзија на Octavia. Не мора да потврдувам дека на ова ценовно ниво, удобноста мора да биде делумно жртвувана на сметка на управливост и возечка динамика.
За потсетување, еве една од сликите на @Deni која му го валидира муабетот со шепите: