Прашање до тие што имаат печурка...
Правите нешто за двоење на филтерот од моторот? Нешто како преграда на пример, за да не се меша (премногу) топлиот воздух од моторот, и ладниот кој што треба да оди во филтер?
Башка, дали некој знае, дали и колку може да има негативни ефекти промената на филтерот? На пример, ми кажаа дека со промена на филтерот, можно е некакво оптеретување и пореметување да настане врз електрониката и сензори и чуда, што дозираат колку воздух треба да влезе во моторот. Мислења?
Ја сум у мисла да ставам, а ако ставам, многу веројатно дека не би бил купен од тука, туку од Јужна Македонија или на „Ебау“ 
Ставањето на друг филтер за ваздух е наука, како и се останато поврзано со моторот. За секој мотор и за секоја усисна грана има пресметка колку широка треба да биде цефката, како и колку долга во зависност од тоа во кој опсег сакаш да имаш појачување на снагата. Покрај ова, многу битен е и протокот на воздух кој треба да го прочита MAF сензорот. Со било каков дизајн можеш да предизвикаш дебилни отчитувања, па така компјутерот ќе прави пребогата или пресиормава смеса, а во одреден случај(ако ептен ја утнеш) може да ти светне чек енџин сијаличката.
Затоа е најдобро да си купиш фабрички готов филтер од реномиран производител, наменет исклучиво за твојот мотор.
Со додавање на преграда неможеш да изгубиш ништо, можеш само да добиеш. Како што велат некои стручњаци, секои 2 степени пониска темепратура на воздухот се еквивалент на 1-1.5% поголема зафатнина. Покрај преградата, обавезно се става доток на ладен воздух од надвор, кој ти е најдостапен под возилото или во страниците кај тркалата.
Јас во моментов сум во фаза на изработка на кутија за моето возило. Најпрвин правиме прототип од картон и откако ќе ја добиеме соодветната форма на кутијата ќе ја изработиме од еден материјал кој е сендвич од алуминиум, пластика, алуминиум (не ми текнува името на материјалот). Потоа кутијата добро ќе ја обложам со тирмичка и звучна изолација и ќе донесам доток на ладен воздух со црево чиј пречник е поголем одо оној на усисната цефка.
Ќе отворам тема со детални објаснувања околу целиот процес штом го завршам тој проект.