Автор Тема: Поправка и промена на гуми..  (Прочитано 11683 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Поправка и промена на гуми..
« на: 18 Февруари 2012, 17:36:16 pm »
Имав и јас проблем со дупка во гума. Пред неколку години (баш на 1ви или 2ри Јануари) во гума ми влезе едно прилично големо парче железо, можеби 2.5-3 цм широко. Ја намонтирав резервната гума и отидов кај вулканизер во Бутел 2. Ја среди, стави внатрешна лепенка со сопствена жица, ја среди како што треба и тераше година и нешто ситно така гумата, без никаков проблем. Мислам дека платив 500 денари.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2012, 17:39:23 pm »
zero да дадеш информација отприлика каде е тој вулканизер што се нафаќа за вакви големи дупки? и дали лепи дупки на страничен ѕид?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2012, 17:48:17 pm »
Бутел 2, кај пералните што се од двете страни на улицата. Сега на ќошот има и некоја Лесковачка или нешто такво.

Дали лепи дупки на страничен зид, стварно неам појма, али имај во предвид дека страничниот зид на гумата издржува многу поголем стрес, така да ја не би си играл.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2012, 18:01:46 pm »
Минимална дупка е во прашање, веројатно со шприц направена и пушта на месец дена ама пак никој не се нафаќа викаат подобро пумпај на недела две отколку да лепиме
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #4 на: 18 Февруари 2012, 18:16:43 pm »
zero да дадеш информација отприлика каде е тој вулканизер што се нафаќа за вакви големи дупки? и дали лепи дупки на страничен ѕид?

Лепат и странично,кај мене е така али беше мло дупче,околу 0,7мм-1см
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #5 на: 18 Февруари 2012, 18:26:11 pm »
1 cm мало дупче :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #6 на: 18 Февруари 2012, 18:34:52 pm »
И јас летово во Охрид ја искинав едната предна гума, така рецка од пола сантим која неможам да ја наречам дупка. Ми ја средија со внатрешна и надворешна лепенка. Платив 400 денари. Ми гарантираа дека нема да имам проблем и 200km/h да ја возам. На пролет ќе ја ставам како задна па нека тера. Менување по 2 сезони.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #7 на: 18 Февруари 2012, 20:12:56 pm »
Lele ne li ve fakja strav da vozite takvi gumi pa i protektirani koga ke vidam na kamion mi doagja da begam 100 kilometra od takov. Osnova za bezbednost e gumata i kocnicite. Ako ne mozam da si dozvolam da vozam novi 15 inch gumi ke si gledam kola sto mozam da ja odrzuvam t.e. da i menuvam gumi. Site sakame da vozime Mercedes ama edna guma kolku mu cini ? Treba da mislime na toa. Barem za moeto vozilo gledam gumite i kocnicite da mu se vo odlicna sostojba. Za 200 Evra mislam deka ako si skratite od ustata ke imate posigurno vozenje. Kriza e da no kompromisi so toa ne bi vredelo da se pravat. Bas za nasive patista trebaat novi gumi, i ekstra dobri kocnici.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #8 на: 18 Февруари 2012, 21:43:13 pm »
Бугар, ти ги читав постовите наназад на темава и се мислев дали да реплицирам, се до последниот твој пост каде си напишал доста нелогичности и дезинформации.  ::) Пожелно е да се информираш на секоја тема пред да се вклучиш и да даваш совети. Вака само шириш деизнформации за оние кои не се информрани, а на оние кои се информирани само им покажуваш колку поима немаш што збориш.
1) Рок на траење на гумите е над 10 години.
2) Насекаде во светот гуми кои се складирани до 5 години се сметаат за тазе, а некаде и повеќе. По 5 или повеќе години се вршат проверки од страна на стручна екипа и се установува дали се правилно складирани. Ако се правилно складирани остануваат за продажба уште во наредните 5 години. Потоа се повлекуваат на рециклирање, пред се од маркетиншки причини бидејќи веќе се „застарен“ модел.
3) Гумите најдобрите возни карактеристики ги имаат по 2 години од нивното производство. Значи гума стара 2 или 3 години е подобра од гума стара 0 или 1 година.
4) Сите нови гуми се направени со рециклирање на стари гуми.
5) Гумите се поправаат и тоа е законски дозволено секаде и во сите развиени земји. Во некои земји постјат правилници и норми кога и како треба да се поправи гумата, на пример таков е британскиот стандард AU159: http://www.btmauk.com/data/files/Minor_repairs_to_passenger_car_and_light_van_tyres_31_May_2011.pdf.
6) Поправките се трајни и доколку се правилно спроведени гумата ќе попушти на било кое друго место, пред да попушти на местото каде е поправана.
7) На дилерите на гуми кои имаат сервис за вулканизирање им е многу поедноставно и подоходовна да ти кажат дека гумата не се поправа и да ти понудат нова со „попуст“.
8) Доколку гумата не е за правење, согласно прирачниците на производителите, верувај дека дилерите на гуми (во случајов Пнеуматик, а во мојот случај не се сеќавам на името) нема да сакаат да ти ја поправаат освен ако ти инсистираш но ќе ти напоменат дека нема гаранција за твојата безбедност.

Нејсе, јас и Фаланга сме семејни луѓе и во кола возиме жена и деца. Мислиш дека сме толку блесави да ги загрозуваме своите и животите на нашите најмили? Мислиш дека би правеле компромис за безбедно возење за ситни пари? ...дај немој такви нелогични муабети, може е криза ама не за 200 евра туку за 200.000 евра...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #9 на: 18 Февруари 2012, 21:45:38 pm »
Веројатно е толку, не сум сигурен. Можам да проверам утре баш ако те интересира, доле ми се документите во кола.
Еве татко ми ми потврдува 6000 денари осигурување, технички и регистрација за Кадет 1,0л 1967-ма година ланска цена. За спаркот е веројатно нешто помалку со тоа што секоја втора година се оди на технички со нова кола.

@ Гојдо, сосем си во право. Само една работа ми е несигурна, не сум експерт за репарирање на гуми, не можам со сигурност да проценам колку добро завршиле работа а до сега не сум имал искуство со репарирани гуми.
Затоа 3500 денари на сигурно во шкафче, штом ми се појави и НАЈМАЛ сомнеж дека гумава претставува ризик, одма ќе ја сменам без да се мислам. Ама ич око нема да ми трепне за парите.

Инаку, на кадетот гумите (Uniroyal The Rain Tyre) се земени на старо пред 10 години и сеуште се неиспукати освен шарата што е троа симната. Резервното тркало има гума Сава веројатно од раните 80-ти и изгледа сосем добро. Така да дека гумите треба да се менуваат на 2 години па и на 5 не ми влегува во логика. Треба да се проверуваат од време на време и да се ребалансираат и тогаш да се направи проценка дали ги бива и колку. И тоа е тоа. Пак ќе речам не возиме Вејрон па да постои ризик гумата да се распадне во возење... како кој :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #10 на: 18 Февруари 2012, 22:06:58 pm »
Gojdo mislam deka ne si vo pravo ama ajde da sporam. Guma se znae najmnogu do 3 godini. Se razbira deka moze da trae i 10 no vo magacin. Na eksploatacija se drugi uslovite. Se preporacuva menuvanje na 40000Km ili 3 godini maksimalno od vremeto na eksploatacija. Taka se raboti vo site normalni zemji na svetot.
Toa sto nie ja nemame taa kultura, e poradi niza pricini koi nema da gi nabrojuvame e drugo nesto ama greota e koga sme dale pari za kola da nemame tolku da menuvame na 2 godini gumi.
Samo ne mozam da razberam kako toa stara guma podobro od nova ? Posle 2 godini ?? Toa nekako ne e jasno i daleku od sekoja logika. Samiot material od koj sto e napravena gumata od stoenje gubi, a kamoli posle 2 godini. Nema da gi ima istite svojstva. Jas takva guma iskreno ne bi stavil nikogas na kola.
Toa nikoj ne moze da me razubedi.
Dilerite koi imaat servis sekogas ke ti ponudat takva opcija da taka e. Da zarabotat sakaat.
No popravka na guma e drugo nesto. Ako ja zakrpis ne znaes kolku ke tera. Krpeno e krpeno a novo e novo. Sigurnosta so krpeno e edno a so novo e sosema druga.

Baska znam deka povekjeto ste familijarni lugje i vozite zeni i deca vo kolite, no zaradi vasa bezbednost (ili za bezbednosta na drugi ucesnici vo soobrakjajot) sepak vredi da se vozat sekogas gumi ne postari od 2 (eve 3) godini (mislam od datata na montiranjeto). A od datata na proizvodstvo da ne se pominati povekje od 5-6 meseci (da e razumno a ne da se stoeni so godini).
A i sekako spored sezonata treba da se pazi. Zima e pozelno zimski gumi, a leto letni.
Toa ne se odnesuva na SITE treba da pazime i da sme sovesni.

Отсутен Opel.Mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 262
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #11 на: 18 Февруари 2012, 22:09:20 pm »
Мислам дека нема потреба толку долг текст да пишуваш!!! гледам секаде постот ти е со 500 збора и сите ги мрзи да читаат !!!
И вака како што кажуваш има голема разлика од еден до друг сопсвеник на кола...Таксистите возат цел ден значи гумите треба да ги менуваат секој месец а за разлика од нив има луѓе кој во годината одвај ги врват 5000км како пример јас на моторот одкако го имам земено имам поминато само 2500км а е стар 5 години а и плус што стоел во продавницата пошто производство на моторот му е 2005та а купен е 2007 !!!
« Последно менување: 19 Февруари 2012, 09:49:15 am zeroSignal »

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #12 на: 18 Февруари 2012, 22:13:18 pm »
Никаде во странство гума не се вози ако е постара од 3-4 години, кога се купува секогаш се проверува гумата да е тазе, 6 месеци или 1 година стоена таа гума не смее да се продава повеќе!

Ако пробате да одите по Европа знајте дека или нема да ве пуштат на граница или ќе ви пишат голема казна ако имате вакви гуми. А верувајте дека проверуваат. Другар доби 1200 евра казна во Швајцарија бидејќи шарата била 1.5мм од минималните легални 1.6мм. Туарегот знае да ги јаде предните гуми побрзо, колата била проверена претходниот месец од механичар и шарата била легална...

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #13 на: 18 Февруари 2012, 22:16:13 pm »
@Bugar 3 години е рок на траење,ако ги возиш едни исти гуми цело време без да ги смениш..А ако ги мењаш согласно со временските услови,како што треба да е,ќе тераат подолго од 5 години,освен ако не ги шлајфаш цело време..

@ngocevski Ако колата е предна вуча побрзо се трошат предните,ако е задна задните,затоа треба рамномерно да се мењаат,за да рамномерно се истрошат..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Поправка и промена на гуми..
« Одговори #14 на: 18 Февруари 2012, 22:32:16 pm »


@ngocevski Ако колата е предна вуча побрзо се трошат предните,ако е задна задните,затоа треба рамномерно да се мењаат,за да рамномерно се истрошат..


Туарегот е 4х4 ама предницата прилично е тешка, поготово кај В10 дизелот имаш огромна сила и ги јаде гумите и тоа добро ги јаде...

Предните се јадат одма задните се ОК.

А кај Туарегот ако менуваш 1 гума мораш сите 4 бидејќи диференцијалот му е многу нежен и ќе се заебе одма...

Други џипови можат да се комбинираат со различни гуми, ама Туарегот не може...

Најскап џип што постои за одржавање воедно и најголема утка на VW...