Автор Тема: Основна форумска култура.  (Прочитано 50686 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #60 на: 11 Февруари 2019, 22:31:37 pm »
Чекај малку друже, ако кршам некакви форумски правила барем нека ми објаснат какви правила кршам. Ако навистина грешам, да знам да не ги кршам правилата. А ако ми се прават нефер притисоци, тогаш нека се каже јавно кои се вредностите кои се бараат на форумов па јас да си го барам чарето... Немам ништо против 90% да не се согласуваат со мене. Тоа е нивно право, дури и во очи на сите аргументи кои им се покажани. Но имам против од менаџмент да ми се прети со банирање кога се обидувам да задржам културно ниво на комуницирање додека од другата страна константно ме навредуваат. Ферплеј можеби не постои, ама што е многу многу е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #61 на: 11 Февруари 2019, 22:34:57 pm »
Види вака, реално, немаш никакви права на туѓа интернет сопственост. Освен на твоите постови тука. Тие се твои творби (иако се под псевдоним). За се друго, немаш никакви права и џабе креваш толку џева.

Практично, олабави и олади малце. Или не олабавувај и напињај. Па ќе си го бараш чарето на друго место.

А за навредите, многу поголеми навреди имало кон тебе/кон мене/кон сите други во оваа онлајн дружина. Но, сите го гледаат светот преку искривен макарон и не го забележува никој. Јебига, живот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #62 на: 11 Февруари 2019, 22:46:20 pm »
Луки за навредите јас не се жалев, можам јас и сам да се справам со тоа. Работата е што јас сум обвинетиот  за навредување, иако се обидувам да задржам културно ниво на дискусија.

Инаку јас не претполагам дека имам било какво право на ничива интернет сопственост, па дури ни на моите постови тука. Претполагам само право на сопственото време. Пишувам што мислам, не тоа што на секој (или некој) мора да му се допадне. Ако пишување и аргументирање на сопствените мислења е причина за отсуство од овде, тогаш нека се каже тоа така јасно и гласно. Пошто секако нема да пишувам ништо друго освен тоа што го мислам, и неминовно е дека утре пак ќе дојдеме до истава ситуација. Подобро да расчистиме сега и овде.


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #63 на: 11 Февруари 2019, 22:50:18 pm »
Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #64 на: 11 Февруари 2019, 22:51:48 pm »
Па, како да ти кажам. Имаш проблем со прифаќање различни мислења. Па кога некој си дискутира на негов начин, му изиграваш попаметен. Некој си има негов став, па му јадеш трици за ставот. Некој си ги оправдува неговите размислувања и погледни на негов сопствен начин, па му кажуваш дека не разбира, дека е слеп, дека е глуп, дека е дел од масата, дека е непросветлен.

Самопрогласеноста за морално и интелектуално праведен сезнајко на многу луѓе им оди на нерви, затоа што ги обезвреднуваш само затоа што имаат различно мислење/став од тебе. А тоа генерално е многу неубава работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #65 на: 11 Февруари 2019, 22:56:13 pm »
Ги обезвреднуваш само затоа што имаат различно мислење/став од тебе. А тоа генерално е многу неубава работа.

Амин. Зејтин и чорапи имаш од мене ако решиш да отвараш храм за оваа религија што ја проповедаш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #66 на: 11 Февруари 2019, 22:56:30 pm »
Луки сега дигресираш во анализи на мојата маленкост. Зборуваме за почитување, или обратно - кршење, на форумските правила. Не за тоа кој како ме доживува мене и моите пишувања на форумов... Последен пат кога проверив не видов дека е кршење на правилата на форумот, имање на различно мислење.


Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?
Петров проба ама џабе, претседателот на Собранието го прогласи референдумот за нелегален уште пред да почне.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #67 на: 11 Февруари 2019, 22:58:57 pm »
Мене ми е многу криво кога наместо да се фокусираат на убави работи и помогнат со своето знаење и искуство членовите како Луки, Симо и други, си го трошат своето време и нерви за објаснување со 2-3ца самобендисани на форумов.
Истиот е случајот и со Бугар и ЛошиПатишта и со Ван.....
Луѓето си немаат попаметна работа и нервираат луѓе по форуми...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #68 на: 11 Февруари 2019, 23:03:45 pm »
....

Јас ти кажувам каде лежи зајакот, па ти како сакаш/како мислиш продолжи.  :) :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #69 на: 11 Февруари 2019, 23:08:24 pm »
Мене ми е многу криво кога наместо да се фокусираат на убави работи и помогнат со своето знаење и искуство членовите како Луки, Симо и други, си го трошат своето време и нерви за објаснување со 2-3ца самобендисани на форумов.
Не знам дали добро те разбирам, дали предлагаш форумов да функционира како блог. Неколку луѓе да постираат текстови, а да коментираат само тие што се согласуваат со напишаното. Различни мислења не смее да има, за да не се нервираат тие што не се согласуваат?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #70 на: 11 Февруари 2019, 23:09:41 pm »
Јас не признавам дека некој е во право. Има да докаже дека е, а јас има да му го отежнам тоа докажување со факти.

Таков сум, бунтовник по природа, контраш, трол.

Најтемно е пред зората.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #71 на: 11 Февруари 2019, 23:13:06 pm »
Луки сега дигресираш во анализи на мојата маленкост. Зборуваме за почитување, или обратно - кршење, на форумските правила. Не за тоа кој како ме доживува мене и моите пишувања на форумов... Последен пат кога проверив не видов дека е кршење на правилата на форумот, имање на различно мислење.


Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?
Петров проба ама џабе, претседателот на Собранието го прогласи референдумот за нелегален уште пред да почне.
Постојано ни даваш квалификации на овци, ноеви и што ти ја знам, потоа кукаш зошто ние сме те анализирале и квалификувале.
Во еден пост мене ме обвини дека не сум ги вадел од уста политичарите а одтогаш веќе сигурно десет пати ТИ не ги вадиш од уста.
Некој ќе направи паралела, ти ќе ги извртиш толку што верувам и самиот не разбираш што си напишал ( токму сега со Мартин).
Што се однесува до навредите, партал правиш а сега се правиш недоветен.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #72 на: 11 Февруари 2019, 23:30:54 pm »
@Van е делумно во право, за волја на вистината, во избришаните коментари од рекла казала не започна тој со лични навреди, туку него почнаа да го наведуват.
Како било понатаму, тие што прочитале знаат.
Ок е да имаш став и да дискутираш, ама кога тоа се претвори во долгометражни постови со бесконечно реплицирање, се добива впечаток дека "го дрвиш" дека си досаден и непожелен на форум. Да знаеш да дискутираш е да знаеш да го одбраниш своето мислење со две реченици. И да знаеш кога да се повлечеш од дискусија. Оти најчесто тој што не е во право најмногу зборува.
Јас сакам дискусија, ама пост подолг од 7-8  реченици не можам да читам. И друга работа, ако некој мисли различно од вас, не значи дека треба 10 страни да се докажуаме. Ќе напишеш аргумент еден или два, сѐ што е повеќе ќе направи контра ефект.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #73 на: 12 Февруари 2019, 00:59:51 am »
Ја мислам време е...

New blood of old school

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #74 на: 12 Февруари 2019, 05:56:52 am »
Ванче, и јас ја тупам, ама ти претера. У право беше во некои од постовите што ги прочитав додека читав и после се откажав. Овде на форумов ако се рече дека Ванчо е крив крив е. Тука најдобро е перењето кај бушав, акумулаторите на анџело, сервисот на маршер. Греењето на конан е глупост, дихтунгот е вмро, алфа светиња, а голф најголемо ѓубре. Овде нели гледаш дека мора да се прилагодиш на мислењето на таа една одбрана екипа. Луѓето со најмногу постови да земеш да ги анализираш најпаметни се во темите во кои што дури и не се прави моабет за коли. Од 20 не прочитани мислења 17 не се ни од областа на автомобилите.
Размрдаа струмичани е со головите инаку одамна немаше поставено некој таков проект. Ќе дојде човек ќе пише 2-3 поста ќе види не го прифаќаат и бега. Не гледаш ли дека се е собрано тетки на куп и државна администрација. Олабави малку, терај си на ладикур.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk