Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1018081 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
  • Бенве сие бенве
Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2280 на: 11 Јули 2017, 09:08:45 am »
1.9тди е одличен мотор, од лично искуство зборам. 3.0 не е за во град. Зошто не дизел кога ќе му троши помалку, зошто бензинец со плин па потоа да мунсецка, трокира да го штелува итн итн замарање.


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2281 на: 11 Јули 2017, 09:11:45 am »
Дизел во град е буквално „мачење“ и тегавање по улици, гужви и булевари, особено уште па ако не е аутоматик ...
Прваааа па умира 2 секунди моторот па втоооора итн. Уклучи и клима и мислиш  дека стоиш во место.

Response time - МојТермин.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
  • Бенве сие бенве
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2282 на: 11 Јули 2017, 09:46:04 am »
За голф 2 зборуваме или?


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2283 на: 11 Јули 2017, 11:49:04 am »
Убава работа е дизелот за на 40 степени во гужви, низ град, клима нон стоп работи, перка чат пат ќе ти се пушти во прва брзина.
На бензинец ќе ти исклучува, ама затоа на зима парното да пука по 1 километар.  :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2284 на: 11 Јули 2017, 11:51:14 am »
Убава работа е дизелот за на 40 степени во гужви, низ град, клима нон стоп работи, перка чат пат ќе ти се пушти во прва брзина.
На бензинец ќе ти исклучува, ама затоа на зима парното да пука по 1 километар.  :)

Зошто на бензинец да се исклучува? Дизел со рачен менувач е малце терсене во град, ама не е ништо страшно. Проблем е ако дизел го возиш само во град и не го вадиш доволно на отворено да го испукаш за да излезе гарежот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2285 на: 11 Јули 2017, 12:04:35 pm »
Не мора да значи, зависи од возилото и состојбата на истото, ама ете

На тебе на колата и е жешко. Атмо бензин на топло време е мртовец. И најверојатно компресорот исклучува оти во место качува над 115 степени.

загреваат повеќе бензинците, ама чим дојди зимата се реанимира темата за термостатите на дизелашите, бензинците и на отворен да му е заглавен нема да сетат, тие на лето менуваат термостати :sarcasm: :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2286 на: 11 Јули 2017, 13:05:32 pm »
Бензинците имаат повисока работна температура. Особено тие што гонат екологии, некогаш работат и на 112степени.

Но, финтата е што и модерните дизели заради еко-нормите имаат повисока работна температура. Ако во 2001-2002ра работната температура на дизел се вртеше околу 80-85 степени, денес таа се врти околу 95-100. За екологија можеби е добро, ама за дизелот не баш.

пс. Плинот дополнително ја повишува температурата во самиот кош на моторот. Плинот гори многу потопло од бензинот (+100-200 целзиус), што значи потопла издувна грана, потопол кош на мотор, екстра работа на системот за ладење да ја оддржува температурата стабилна).

Чисто онака, размисли за бензин/плин/дизел.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2287 на: 11 Јули 2017, 13:38:26 pm »
Бензинците имаат повисока работна температура. Особено тие што гонат екологии, некогаш работат и на 112степени.

Но, финтата е што и модерните дизели заради еко-нормите имаат повисока работна температура. Ако во 2001-2002ра работната температура на дизел се вртеше околу 80-85 степени, денес таа се врти околу 95-100. За екологија можеби е добро, ама за дизелот не баш.

пс. Плинот дополнително ја повишува температурата во самиот кош на моторот. Плинот гори многу потопло од бензинот (+100-200 целзиус), што значи потопла издувна грана, потопол кош на мотор, екстра работа на системот за ладење да ја оддржува температурата стабилна).

Чисто онака, размисли за бензин/плин/дизел.
На меганот дизел (1.9дци) тоа перката дали 3-4 пати ми се имало уклучено да врти. Со тси-во (додуша нон-стоп клима уклучена) дури и надвор да е 20тина степени перката многу често ја слушам. Имам некаде ОБД адаптер ќе го ставам и баш ме интересира што температура ќе покаже.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2288 на: 11 Јули 2017, 17:01:20 pm »
Го возев 1.9 тди со 116 коњи само во голф 4, колата беше далеку од трома. Потрошувачката беше очекувана 8-9 градска, на отворено 5-6. Од моторот бев презадоволен ама се друго на колата откажа, бравите, прозорците, внатрешното осветлување, добро познатите болки кај голф 4, квалитетот на ентериерот беше беден, менувачот катастрофа не ми е јасно што толку се велича голф 4 кај нас, ама барем добра цена му извадив и покрај сите дефекти. Се надевам ауди не страдаат од вакви дефекти, а ентериерот знам дека им е еден од најдобрите. Се мислам и за претходната генерација Б6 со 1.9 тди со 130 коњи, ама ќе биде постара.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2289 на: 12 Јули 2017, 03:25:49 am »
Лошко изгледа не го видел муабетов, @howitz готов си братче :)

Де факто дека дизел не е за во град, ама како да им објасниш на народов наш кога они мислат дека дизел е најбољи нешто у свет и се мачка на леб!
Дури и ако се сеќавате зборевме на темата ако споредиш ист модел од ист производител на возило дизел-бензин, дизелот има појака каросерија! До таму го прелажаа македончето за да купи растропан дизел.
И она коа „дизел помалце троши“. Точно да, помалце во литража, ама во цена со плин неможе ни на далеку да се сретнат.
Јас возам 2000ка на плин и често пати муабетот „Ииии брат абе тебе 15 ти лапа низ град!“ Да ама плинчето е упола од литар дизел, а јас не сум сретнал 2000ка дизел што троши 7 литри во град :)
Поготово па да се полни резервоарот со онаа ѓубре нафта што се продава кај нас, па репарација на дизна, па гледаш не бива па ај нова, ефтини са :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2290 на: 12 Јули 2017, 03:46:48 am »
+1 за муабетот..

Еве најпрост пример земано bmw e39 530d и 528i..

528 троши 15 плин градска на 100км.. тоа ти се 382 ден
530 троши 10 нафта градска.. тоа ти се 465 ден

528 е побрзо од 530 во секоја смисла... Потивко и секако далеку повеќе мерак прави бензинецот на стискање...

Е сега да ставиме што 528 е доста покажан мотор кој колку што имам гледано и читано, за солиден примерок смрт нема..
Додека 530ка земаш мачка во вреќа каде што незнаеш кога ќе откажи турбина, кога ќе се сјебат дизните.. Па интеркулери, вакуми, греачи, егр вентили и така натака...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2291 на: 12 Јули 2017, 03:48:29 am »
Од вибрациите на дизелот се појачува шасијата, тоа беше легендарен коментар.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2292 на: 12 Јули 2017, 03:57:42 am »
528 троши 15 плин градска на 100км.. тоа ти се 382 ден
530 троши 10 нафта градска.. тоа ти се 465 ден

На оваа пресметка на плинот, додај уште некој денар за бензин, пошто нели првото палење ти е на бензин.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2293 на: 12 Јули 2017, 06:57:19 am »
А ако нејќеш да ставиш плин на колата,тогаш есапот како искача?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2294 на: 12 Јули 2017, 07:53:15 am »
+1 за муабетот..

Еве најпрост пример земано bmw e39 530d и 528i..

528 троши 15 плин градска на 100км.. тоа ти се 382 ден
530 троши 10 нафта градска.. тоа ти се 465 ден

528 е побрзо од 530 во секоја смисла... Потивко и секако далеку повеќе мерак прави бензинецот на стискање...

Е сега да ставиме што 528 е доста покажан мотор кој колку што имам гледано и читано, за солиден примерок смрт нема..
Додека 530ка земаш мачка во вреќа каде што незнаеш кога ќе откажи турбина, кога ќе се сјебат дизните.. Па интеркулери, вакуми, греачи, егр вентили и така натака...

За E39 збораме, така?

Иначе, да плинот е поисплатлива варијанта, само реално плин 15 литра да троши 528i ...што знам. Јас би рекол некаде 18 ги тепа како ништо (градска).

Што се однесува до моментот, што може да се заебе точно е и тоа, но исто имаш дизни и кај бензинецот, кај плинот, ...и тие ако се заебат и тоа кошта доста пари. Факт дека е поефтино за одржување, нема збор за тоа.

Everyday lifе, економичноста е тука некаде, можда дизелот малце повеќе, ама не значителна сума од 30-40 денари на 100км, а тоа се корегира со стилот на возење :) ако ти е дојдено до тоа.

Јас успеав синоќа BMW-то да го спуштам на 7.5 градска со уклучена клима, возејќи од Зоолошка, па Александар Палас, пластичара, па се до Ново Лисиче. Фатив доста семафори, ама имав доста добар дел крузање :)

Реално со клима лапа 11-12 градска да не се лажеме. Без клима 10 да.