https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2545488Mazda 3 1.4 plin бев да ја видам стигнав до 4500е, ама пред малце ми се јави и рече 4200е ке ми ја дадел.
Колата ја гледав за едни пријатели, јас имам исто тројка само 1.6 дизел. Дечкото тврди дека километражата не е враќана ни метар, он ја има 1 година , и ја продава со образложение дека ке купувал нова Мазда 3. Е сега покрај тоа што воланот е како од салон, знакот мазда на воланот е излижан многу, 50% го нема и се познава пластиката одоздола. Освен ова седиштето шоферско е излижано од левата страна скоро на кинење гледа. Во сервисната бар јас како што знам, сите одат во овластен првите 3 години, а овде само има еден запис на 1000км , демек скапо им било па ја носеле по маалски мајстори претходните газди.
Задниот лев фар е скршен мора нов. Фаровите се доста темни ке видите на сликите. Мојата тројка има 200000км и оваа може вода да и носи за зачиваност на ентериер, со што мислам дека е враќана километражата. Нема автоматска клима иако е 2007, и задните прозори не се елентронски.
Што мислите вие?