Математиката е лесна.
Опција 1. Калта се суши, ја вадиш платнената патосница, ја треснуеш 2-3 пати од ограда, и чиста е.
Опција 2. Калта се суши, одиш на Вашфабрик, ја переш колата, ја вадиш ја платнената патосница, ја треснуеш 2-3 пати од ограда, ја проаѓаш со усисивач, и е ептен чиста.
Опција 3. Калта се суши, одиш во перална, таму ја проаѓаат со влажна четка и со усисивач, и е ептен чиста.
Со гумена патосница, опциите ти се сведуваат мање-више на ова:
Калта се суши и ЕПТЕН се гледа на гумените патосници. Филингот во ентериерот е како во Фергусон задолжен за пар хектари во Сарамзалино. Заради браздите во патосницата не успеваш нит со четка, нит со усисивач да ја средиш како што треба. Ја проаѓаш со црево/вода. Пошто е гумена, не ја апсорбира влажноста, и влагата се ослободува внатре во кола. Следното сабајле (ако било поладно надвор) гребеш лед од внатрешната страна на шофершајбната.
Пробај платнени патосници и зимно време, нема да се каеш. Глеам од што се гумените патосници добри, Ролсовите и Мерцедесите патосници само од Мишелин ставаат.
Да нагласам дека ја перам колата најмалку еднаш неделно.