Автор Тема: Проблем со графичка (веројатно :))  (Прочитано 22501 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20597
Проблем со графичка (веројатно :))
« на: 05 Јануари 2012, 21:59:25 pm »
Хелоу пиплз!

Ај да опитам, дали некој ќе има појма/идеја, што би можело да биде проблемот во следнава ситуација...

При нормално користење, РС-то си работи ОК и без проблеми. Ако земам да му напукам повеќе табови во ФФ, па да отворам и Фотошоп, и пар други ствари, знае да почне да кочи малце, како да му недостасува РАМ (има нелинеарно движење на маусот т.е. скока), лагува итн итн. Друго, што мене лично многу ми иде на нерви, при играње било која и било каква игра, без оглед на година на производство, после извесно време (некад после 5 минути, некад после 50), се смрзнува екранот, станува црн, па или вади BSOD и се ресетира, или ќе се врати „во живот“. Последно нешто што видов, на последниот BSOD беше некој фајл atikmpag.sys, што е драјвер за графичката.

Проблемов се провлекува подолго време, и као после последниот сервис во Анхоч, го средија, ама ете, очигледно дека не е среден, туку бил „залечен“. А да, проблемов почна да се појавува откако турив +2 плочки РАМ. Можно ли е тие да праат конфликт? Графичката ли рикнуе? Или матичната можда? Драјверите се апдејтани до најтазе варијантата, така да, тоа го исклучувам како можност.

Конфигурација:
intel P35A MB
Intel Core 2 Quad 2.4 GHz
8 GB DDR2 Kingston (4x2)
Sapphire ATI RadeOn HD 3850 512MB RAM
Glacial Tech PSU 550W Real Power
Windows 7 64bit Home Premium

Другите ствари мислам дека се нерелевантни :)

Епа ајде, хелп!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54815
  • Махер
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #1 на: 05 Јануари 2012, 22:08:12 pm »
1. Стави ги само новите плочки на ПЦ и пробај да работиш.
-Ако заебава врати го рамот, во Анхоч не прават проблем, земи друга марка. Речи не го чита или нешто ти дава БСОД.

2. Смени ги местата на рамовите, и нареди ги во парови, ако има такма можност матичната.
-Ако пак зеза, смени ги рамовите во Анхоч.

Си требал да ставиш само една плочка рам од 4ГБ (ако може матичната) за да имаш место за уште 4 во иднина... - ова нема врска со проблемот.


Мислам дека е до плочките... Види да не се прашњави слотовите за новиот рам, зошто стоеле долго без рам на нив. Издувај ги. И ова ме има зезано некогаш.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20597
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #2 на: 05 Јануари 2012, 22:18:42 pm »
Пробани се сите можни варијанти и под 1) и под 2)... Абе со мењање места, со само една плочка, со комбинации од плочки, што све не...

Имав 2х2GB плочки, па докупив уште 2 такви, затоа ми е таа комбинација. Полупроблематично би можело да биде што новите плочки не се купени од Анхоч, пошто они немаа тогаш кога купував, па ги земав од СЕТ. Анхоч имаа само Apacer во моментот, па пробував и со тие, и со обични, и со некоја "Gold" серија, ама пак истото...

Едино не сум пробал ова последново шо велиш... Да ја издувам плочава и тоа комплеКт, не само слотовите за РАМ.

Ја некако ја типувам графичката, пошто некад ми праи проблем на уклучување, онака, почиња РС-то да работи, а не вади слика на монитор. Па после го гасам, палам одново, и нема гајле. А нема некое бипкање или нешто слично, за да ми сигнализира грешка.
Исто рецимо, ако ми е WebCam-от приклучен на УСБ, бутирањето трае подолго, а појма неам зашто... Дали некој IRQ дупчи или шо е муабетот, појма неам...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17296
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #3 на: 05 Јануари 2012, 22:26:38 pm »
Можда нема да биде од помош, но ако ми е активна WebCam, сликата замрзнува баш онака како што замрзнува кога ќе прегрее процесор.
Искористи го советот на Дени, издувај ја матичната целосно, исчисти го системот за ладење на графичката и процесорот и пробај пак. Ако ништо друго, барем боље ладење ќе имаш додека не го решиш проблемот.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #4 на: 05 Јануари 2012, 23:45:47 pm »
Веле не е до рамот, релативна тиња ти е графичката (високо веројатно е лошо изведено ладењето), така да ја би ја рекламирал ако е под гаранција и со нешто доплата дај нешто со ддр4-5 и бус од барем 256 -384 бита никако 128, барем јас така би играл!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #5 на: 05 Јануари 2012, 23:55:21 pm »
Донеси го кај мене на преглед и ќе биди во ред :)

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #6 на: 06 Јануари 2012, 00:24:48 am »
Јас пред 1 недела купив GT430 Ако сакаш ке ја донесам и ка ја ставиме.. ке го оптеретима ако пак прави така значи не е до графичката...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #7 на: 06 Јануари 2012, 00:38:20 am »
Ми се чини како да РАМ плочките не одговараат една со друга.
1. Претпоставувам дека се ДДР2, види кои тајминзи ги имаат старите и новите, треба да се исти. На пример 8-8-8-16 или слично. Во БИОС можеш да провериш.

2. Може и да е софтверски проблмеот. Ако не ти е проблем да направиш реинстал...

Ако треба понатаму помош пиши да го ѕирнам.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #8 на: 06 Јануари 2012, 00:45:47 am »
На форумов не барај колата да ти ја направи некој :D  Компјутерот сите ке ти го поправат :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6103
  • 69
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #9 на: 06 Јануари 2012, 00:50:35 am »
Glacial Tech PSU 550W Real Power
Ја би го проверил со друго и ова шчкарт напојувањево...

А може да е до софтверот, т.е. њињдоусот што би се рекло по македонски.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20597
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #10 на: 06 Јануари 2012, 01:00:42 am »
Веле не е до рамот, релативна тиња ти е графичката (високо веројатно е лошо изведено ладењето), така да ја би ја рекламирал ако е под гаранција и со нешто доплата дај нешто со ддр4-5 и бус од барем 256 -384 бита никако 128, барем јас така би играл!

Абе добро, на времето коа ја зимав, арна беше :D

Јас пред 1 недела купив GT430 Ако сакаш ке ја донесам и ка ја ставиме.. ке го оптеретима ако пак прави така значи не е до графичката...

Ај прво ќе испитам другиве варијанти, па ако не бива, може и такво нешто да маанеме :)

Ми се чини како да РАМ плочките не одговараат една со друга.
1. Претпоставувам дека се ДДР2, види кои тајминзи ги имаат старите и новите, треба да се исти. На пример 8-8-8-16 или слично. Во БИОС можеш да провериш.

2. Може и да е софтверски проблмеот. Ако не ти е проблем да направиш реинстал...

Ако треба понатаму помош пиши да го ѕирнам.

Сите се Kingston 2GB DDR2 @ 800 MHz. Ќе проверам тајминзи, па ќе сторам абер. Ме мрзи да праам реинстал :D

Glacial Tech PSU 550W Real Power
Ја би го проверил со друго и ова шчкарт напојувањево...

А може да е до софтверот, т.е. њињдоусот што би се рекло по македонски.

Абе едно време овие беа ОК ко фирма, колку шо ми текнуе... Ваљда не се тапосале :D

Донеси го кај мене на преглед и ќе биди во ред :)

Ти спремај се да хакуеш iPhone 4, не туку туку... ;D ;D ;D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #11 на: 06 Јануари 2012, 01:34:01 am »
Ова за загревање дај ми го ;D ;D ;D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #12 на: 06 Јануари 2012, 01:34:58 am »
Ова се најчесто симптоми за прегревање на VGA. Претпоставувам дека е со пасивно ладење, едино нешто со што можеш да и го продолжиш животот е да и натакнеш едно активно VGA кулерче.

На времето 3850 беше перфектна графичка но денес програмите и операциите се све позахтевни.


За напојувањето најлесно може да го провериш. Влези во Биос, иди у хардвер монитор и провери ја волтажата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20597
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #13 на: 06 Јануари 2012, 01:38:34 am »
Не е со пасивно, си има вентилаторче. Е сеа, дали и колку е функционално, не знам...

Бај д веј, исклучени ми се оние "OverDrive" опции, или како и да се викаа, што дозволуваат оверклок да се праи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #14 на: 06 Јануари 2012, 01:40:58 am »
Штом е со кулерче, смени го со ново. Тие повеќе дупат.