Ван, кажи ми што тв имаш ти дома и од колку метри го гледаш? Може кажа, ама сум пропуштил...
50инчи плазма, 720р, Самсунг, не сум дома за да го видам моделот. Главниот кауч е симетрично пред телевизорот, на нецели 2.5 метри растојание (од наслонот за грб).
Земен пред некои 4+ години од Техномаркет за нецели 40 илјади денари. На некоја акција беше и еден колега го имаше земено, тогаш скептик бев (собирав пари за 1080р

), кога ме викна на гости колегата и ја видов сликата... не спиев следните две вечери, прочитав милион работи за плазма, предности и маани, плазма наспроти лцд, 720р наспроти 1080р, ги прошетав сите продавници во градов (и ги малтретирав со саати продавачите)...
Потоа го купив дотичниот Самсунг, и не зажалив. Ретко кој има плазма телевизор од луѓево (исплашени од маните ваљда) и кога ќе ми дојдат на гости и ќе им пуштам пар работи... прво не им се верува дека не е фул хд, а потоа колку кошал (на времето). Искрено на неколку места сум видел дупло поскапи лцд-а со дефинитивно полоша слика, без разлика што се фул хд. Тоа зборуваме по дома со затемнети светла, пошто по продавници нема баш некои услови за фер споредби.
Иако ќе признаам дека последниве пар години не сум баш во тек, само чат-пат разгледувам кога ќе се најдам во продавница. Но не сум видел нешто што ќе ме натера да кажам, уауу ова баш сакам да го имам...
Ти твојот колку го плати, кога го зема?