Да беше добро тоа во кино салите така ќе го правеа.
Појаките брендови и тоа како ќе го применеа.
Ама нема поента.
Да свети ѕидот.... Зошто?
Да ти го одвлекува вниманието од тоа што гледаш. За да не заприметиш дека лош панел има тв -то.

Се знае ѕидот каков е позади тв. Црн, темно сив, да не замара.
Позади се осветлува ѕидот кога неможеш да постигнеш доволен блек левел. Тоа беше едно од решенијата како локал диминг и слично.
Лошиот дел кај сите телевизори е што немаат НАТИВНА поддршка да направат 16:9 насилен корп на било кој материјал кој се наоѓа на екранот. Или народски кажано - зум, за да се пополни сликата и да нема црнајци под и над филмот што го гледаш.
Со црнајците, џабе и локал диминг, и амбилајт и 65инча, кога пола екран ти е црн непотребно.
На MX player има разни кропови, ама тоа е само за плејбек во тој програм. Да имаше нативно на самиот ТВ ќе беше многу понормално. Наместо сите да буљаат во лајсни, ќе можеа да гледаат филм.