После долго гледање на нови возила до 30.000 или опции за увоз на нешто поново од Европа, легна како кец на 10ка. Купен од Тојота салонот за користени возила на 121.000 км рамно 27.000 еур. Го купив на 1 Јуни 2026.
Во цената беше вклучена регистрација на денот на купување (значи цела година), комплет сервис, нови пакни на кочници и фул дитејлинг, како и 2-годишна продолжена гаранција на батеријата и на било каков дефект. И гратис вклучена сељачка директорска таблица.
Колата немаше ниту гребнатинка, ентериерот не можеше да се примети дека е 10 год стар. Како нов внатре. Тримот е F-Sport.
Моторот е од Рав 4, 2.5 бензин хибрид 195 кс.
Најголемиот ќеиф на колава е кога ќе застанеш на семафор до раскантан двокатен автобус на ЈСП и кога ќе затвориш прозори. Наеднаш си како во музичко студио - мртва тишина

Вожњата е феноменална, има потврда спортска суспензија, во спорт мод е метак.
Потрошња околу 7 литри на отворено со стискање и возење по нагорнини. Во град меѓу 6 и 6.5 литри со ЕКО моде и искористување на EV Mode колку што е можно повеќе.
Претходниот прв сопственик го донел во Тојота за замена старо за ново. Комплетно одржуван и сервисиран во тојота.
Од други работи:
- Спортски седишта од перфорирснс кожа, со греење на истите. Црни со црвени краеви.
- Резервниот клуч не беше ни отпакуван, беше во фабричкиот омот. Неупотребуван.
- Комплетен keyless систем и на централно и на палење.
- Внатрешните светла во кабина се на допир.
- Кога го гасиш, воланот си се вовлекува сам за да можеш да излезеш, кога го палиш ти се враќа на последната позиција.
- Автоматски прскалки на фарови
- Камерата за рикверц има феноменална резолуција
- Алармот се пали ако имаш отворен прозор и некој се шуња околу кола а не е со клуч

)) смешки ми е на паркинг пред зграда
Ќе сликнам ентериер деновиве.








