Автор Тема: Lexus NX 300h F-Sport 2017  (Прочитано 491 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Lexus NX 300h F-Sport 2017
« на: 18 Октомври 2026, 10:01:53 am »
После долго гледање на нови возила до 30.000 или опции за увоз на нешто поново од Европа, легна како кец на 10ка. Купен од Тојота салонот за користени возила на 121.000 км рамно 27.000 еур. Го купив на 1 Јуни 2026.

Во цената беше вклучена регистрација на денот на купување (значи цела година), комплет сервис, нови пакни на кочници и фул дитејлинг, како и 2-годишна продолжена гаранција на батеријата и на било каков дефект. И гратис вклучена сељачка директорска таблица.

Колата немаше ниту гребнатинка, ентериерот не можеше да се примети дека е 10 год стар. Како нов внатре. Тримот е F-Sport.

Моторот е од Рав 4, 2.5 бензин хибрид 195 кс.

Најголемиот ќеиф на колава е кога ќе застанеш на семафор до раскантан двокатен автобус на ЈСП и кога ќе затвориш прозори. Наеднаш си како во музичко студио - мртва тишина :)

Вожњата е феноменална, има потврда спортска суспензија, во спорт мод е метак.

Потрошња околу 7 литри на отворено со стискање и возење по нагорнини. Во град меѓу 6 и 6.5 литри со ЕКО моде и искористување на EV Mode колку што е можно повеќе.

Претходниот прв сопственик го донел во Тојота за замена старо за ново. Комплетно одржуван и сервисиран во тојота.

Од други работи:
- Спортски седишта од перфорирснс кожа, со греење на истите. Црни со црвени краеви.
- Резервниот клуч не беше ни отпакуван, беше во фабричкиот омот. Неупотребуван.
- Комплетен keyless систем и на централно и на палење.
- Внатрешните светла во кабина се на допир.
- Кога го гасиш, воланот си се вовлекува сам за да можеш да излезеш, кога го палиш ти се враќа на последната позиција.
- Автоматски прскалки на фарови
- Камерата за рикверц има феноменална резолуција
- Алармот се пали ако имаш отворен прозор и некој се шуња околу кола а не е со клуч :))) смешки ми е на паркинг пред зграда

Ќе сликнам ентериер деновиве.












Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7185
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Lexus NX 300h F-Sport 2017
« Одговори #1 на: 18 Октомври 2026, 10:20:46 am »
Добредојде во клубот. Со здравје да се вози. Пред да го купам седанот, размислував на оваа опција. Ако имаш некаков проблем (недај Боже) слободно побарај ме за совет, исто така имам “канал” за набавка на делови, зошто Тојота Македонија за ништо не ги бива. Можам да ти препорачам и овластен сервис во Солун кој е со смешни цени за работна рака и работат со твои делови.

Fun Fact - електронскиот волан со меморија е измислен од Lexus уште во 1989 година, го имам и јас, ептен интересна и корисна работа особено при влегување и излегување. Дали во оваа опрема има Mark Levinson озвучување?

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Lexus NX 300h F-Sport 2017
« Одговори #2 на: 21 Октомври 2026, 17:25:59 pm »
Добредојде во клубот. Со здравје да се вози. Пред да го купам седанот, размислував на оваа опција. Ако имаш некаков проблем (недај Боже) слободно побарај ме за совет, исто така имам “канал” за набавка на делови, зошто Тојота Македонија за ништо не ги бива. Можам да ти препорачам и овластен сервис во Солун кој е со смешни цени за работна рака и работат со твои делови.

Fun Fact - електронскиот волан со меморија е измислен од Lexus уште во 1989 година, го имам и јас, ептен интересна и корисна работа особено при влегување и излегување. Дали во оваа опрема има Mark Levinson озвучување?

Фала ти многу. Ќе памтам кога ќе дојде време за таква потреба. Сѐ е поефтино во Грција дефинитивно.

Воланот е мераци. И општо Лексус. За жал Mark Levinson нема.

Мислам дека не си утнал. Колата е убава и комотна, но е доста голема а гепекот е релативно мал поради батеријата. Отприлика како на корола седан во волумен. Среќа што тој капакот се вади зошто е 5та врата па може да собере повеќе.

Сега си гледам зимски гуми во Солун и хотел да ги остсвсм летните таму. Гледав Близак и се доста поефтини од кај нас само да видам и хотелот колку е. Гледав во Карестос. Еднаш на есен и еднаш во пролет на едно кафе до Солун и решена работа.

Се надевам дека нема да ми затребаш за делови во скоро време :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30913
    • CARclub.mk
Одг: Lexus NX 300h F-Sport 2017
« Одговори #3 на: 21 Октомври 2026, 20:23:55 pm »
NX-от е прекрасен, го имам возено во неколку различни конфигурации. Ако не си возел CVT, бара малку навикнување и учење, ама генерално, добро се вклопува во погонот.

Премиум SUV во секој поглед. Да уживаш и на убави места да шеташ. :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Одг: Lexus NX 300h F-Sport 2017
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2026, 15:19:07 pm »
Odlicno auto i odlicen primerok izgleda. So zdravje da se vozi.
Toa so dve godisnata garancija na baterija i komplet vozilo e prosto neverovatno.

I jas merkam NX 300 Ili Mazda CX5, slucajno go naceka ili imashe dojava.
« Последно менување: 22 Октомври 2026, 15:27:44 pm M3V8 »