Ги пробав Витарата и Дастерот, не ми се замараше да го пробувам Авенџерот после искуството со трицилиндричното прдало од Дастер, плус стелантис мотор.
Дастер- Премногу лоша пластика. Сега разбрав што сакал да каже членот со коментарот погоре што пиша дека изгубил желба за тест возење од кога влегол прв пат. Дури и миризбата е како ѓубре пластика од тему - не е ни на ниво од буџет кола пластика. Имало просечна пластика и гомно пластика како во Дастер. Не се разбирам од хемија и инжењеринг на полимери ама најверојатно од што е толку тенка како да создава некоја резонација со лошата звучна изолација од лимовите, звучи премногу ефтино. Константо чкрипење од пластиката од сите страни како рандом пластики да не се заштрафени до крај кога поминував преку дупки во пат. Ако вака звучи тест возило со мала километража - којзнае што се случува после година дена

- Дизајнот на интериерот изгледа да не речам вулгарно баш заради лошава пластика. Иако е кул и можда премногу да се труди да е нешто што не е
- Комфорт како земјоделско возило. Тврди седишта и лош материјал на нив. Тврда пластика на потпирачи за раце во врати и сумлив материјал на централен потпирач
- Страничните џебови во предните врати се бескорисни. Можда изгледаат еџи со дизајнот ама немаат место ни за мало шише вода

- Инфотејмент таблетот беше ок, прифатлива резолуција, и прифатливо лагирање. Колку за андроид ауто е ок. Очекував полошо, не ми крашна ни еднаш
- Саунд системот беше ок за ваква класа
- Задната паркинг камера подобро да ја нема. Деформирано и лоша резолуција видео, комедијата е што наплаќаат +800 евра за таканаречените 360 камери во City пакетот. Толку е слабо процесорчето во тему таблетот што не може да испроцесира 4 видео сигнали за да ги залепи во комбиниран дрон фид . Секоја камера се гледа индивидуално. Срамотилаци

- Моторот е најголемо разочарување иако го очекував. Полош мотор не сум возел во живот. А сум возел рентани возила во Грција и Јужна Италија. ОК очекувано е од буџет класа да добиеш гомно DCT пренос, не знам кој мислел дека е добра идеја воопшто да се става аутоматик. Мануал подобро ќе го маскираше тажново моторче. Транзицијата од електрик на бензин/плин погон на спори градски брзини е тотално несофистицирано со прискокување и иритирачки звуци цело време. Ова да треба да го слушам и искусувам во гужви низ град ќе ми побеле косава
- Моторот на автопат. Влез од странична лента од 50 КМ/х па до 120КМ/х на автопат беше смешно да се слуша мачењето на 3те цилиндри. Звучеше како да се гуши и беше иритирачко. Нискофреквентно зуење, не брчење. Очекував хибридот да помага повеќе. Еко модот е бескорисен на автопат исто така, потскокнува на најмало притискање на гас - повторно како да се бори за живот. Турбо лагот е страшен, не мерев ама ми изгледаше како да поминува 1 и пол до 2 секунди со педала до крај. Трагикомично. Дури мислам дека е безбедносен ризик за претекнување. Ова не е погон за долги километражи на автопат и никој нема да ме убеди дека е, ни комисијата за екологија од ЕУ.
- Бучавата во кабина на автопат е лоша. Зуењето од моторот, галама од под, галама од страна. Буџет СУВ ќе галами, таа е аеродинамиката и буџетот за звучна изолација. Горе долу очекувано
- Најдобрата позитивна страна е геометријата за благо-мид офроудање. Нормално не го пробав на тест возење ама тие се аглите и ни едно друго возило во тој буџет и класа не е ни блиску
До негаде се мразам себеси што морав олку цинично да го опишам искусвото со Дастер. Да го возев подолго ќе откриев и еден куп други глупости. Не сум воопшто пребирлива принцеза за вакви работи. Преферирам утилитаризам пред стил СЕКОГАШ - но за права цена. Понудата од скоро 35К евра за ова не доаѓа ни во предвид! Нека се соземат Дачиа, Волво продаваат класи подобри возила за слична цена. Ако беше до 25К ќе бев тотално во ред со сите фалинки и компромиси
ВитараGlX варијанта со фул опрема 30К евра, можда и помалце ако добро испреговарам
- Исто полна со пластики но подалеку квалитетни, фејк кожа и некој кадифен материјал на потпирачи за раце на врати од сите страни. Кожа на централен потпирач. Гумирана мека пластика на врвот од целиот дешборд!
- Ентериерот, да ок можда е малце застарен. Но не е толку колку што го прават сите. Све е цврсто, стегнато и не се мрда и испушта звуци на секоја дупка во патот. Изгледа полуксузно и по искрено од Дастер во секој поглед. Физички копчиња за се!

- Фејк кожа и пак некој кадифе материјал на сите седишта. Класа погоре од дастер во комфорт
- Само задна паркинг камера и паркинг сензори од сите правци. Видео фидот е маргинално подобар од Дастер. Генерација назад се двете
- 1.4 turbojet моторот
. Не се ни споредува. Ден и ноќ. Се осеќаш дека возиш адекватен мотор. Забавен. Да не се лажеме, не дека спие на 120км/х ама е многу многу позабавно искуство за возење. Не испушта звуци како да се бори за воздух, констанен и предвидлив е. Хибрид моторот не додава којзнае колку ама се осеќа по малце и неприметливо е во однос на потскокнување. - Мануелен мењач



- Мануелна рачна кочница



- Механички 4x4



- Бучава во кабина на автопат е подобра од Дастер. Го нема зуењето од тажни три цилиндри. Само ветар од страни и по малце од под. Дефинитивно прифатливо за буџет СУВ со аеродинамика како плакар. Би возел цел ден на автопат со ова.
- Луѓе што мрчат дека изгледа застарено од надвор. Разбирам до некаде. Не е толку лоша. Со темно сивата боја и долни лајсни на вратите изгледа топ. Не пробува да е нешто што не е со рециклираните пластики како дастер
- Многу послаба офроуд геометрија од Дастер - 175мм од земја

Ќе ја земам Витарата, разликата од речиси 5000 евра е апсурдна. Јапонска платформа и мотор што имаат години добра историја зад нив. Сигурен сум дека ќе немам ама баш никаков проблем до 200к километри со редовен сервис. Подобар комфорт. Дури би рекол и подобра технологија. По цена на полоши офроуд перформанси. Па ќе и ставам лифт кит и мајлд АТ гуми и веќе ќе имам 210мм висина. Мислам дека 90 посто од тоа што го може дастерот ќе може и ова, нека е и помалце.
Се извинувам за ѕидот од текст. CarClub ангажирајте ме за повеќе импресии од тест возења