Автор Тема: 2022 Renault Captur e tech 145  (Прочитано 564 пати)

Присутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 439
2022 Renault Captur e tech 145
« на: 11 Октомври 2026, 18:54:28 pm »
Второ Рено дома, станува збор за Каптур e tech 145 full hybrid.
Купено од Аутовелт, на 145000 км, во август. Минати околу 2000 км до сега, сервисирано, и засега е ОК.
Друго што да се каже...лесно се вози, не замара по пат, споредено со Р5 и Ксарата, ова е како играчка.
Голем дел од градското возење го минува на струја, потрошувачката е некаде околу 5,4 л/100 км, градска и автопат.



« Последно менување: 12 Октомври 2026, 09:32:29 am kargh77 »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7866
  • French diamond
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #1 на: 11 Октомври 2026, 23:54:00 pm »
Многу добар дизајн, најубаво мало џипче ми е ова.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30881
    • CARclub.mk
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #2 на: 12 Октомври 2026, 09:03:28 am »
Одлично кросоверче! Ми остави одличен впечаток уште кога прв пат го возев. Многу убава кабина има.

Присутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 439
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #3 на: 12 Октомври 2026, 10:55:27 am »
Благодарам!
Инаку, задната клупа е подвижна, по податоци од нет 16 цм напред-назад, што овозможува комбинации кај багажниот простор, кој е мал, со дупло дно, и према другите Каптури е помал поради батеријата. Сепак, до сега немаше проблеми да соберам се.
Позади има доволно простор за седење, и за колена и за глава, за некој висок колку мене(183цм).
За жал, нема резервно тркало, дигалка, алат... има сет за поправка на гума.
Позади комотно седат двајца возрасни, третиот би имал проблем на долги патувања.
Се седи повишено, сепак е кросовер, и, за разлика од другите французи кои ги имам, ова има доста потврда суспензија. Сепак, механиката и подвозјето се на Нисан.
Генерално тивко возило, има бучава повеќе од ветер на некои 130+ км/ч, ама подносливо. Кога оди на струја е како дух :)










« Последно менување: 12 Октомври 2026, 10:57:08 am zeroSignal »

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
  • The best or nothing.
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2026, 12:52:23 pm »
Со здравје да ја возите, и да се шетате со неа.
Каква е поврзаноста со нисан? Платформата?

Скарата ја чуваш уште? Ајде после нова година, омажија кај мене во фамилија.  :)

Присутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 439
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2026, 14:34:10 pm »
Благодарам :)
Ксарата си се вози секојдневно.
Поврзаност со Нисан... нели Рено и Нисан се алијанса. На секоја пластика е жигот и на двете. Ова носи 1,6 нензинец, Нисанов мотор. Бандажите се 5х114,3, пак јапонско, т.е. Нисан. Платформата е заедничка со Нисан Џук... така да, по мене, Нисан во француско руво.
Колку што најдов информации по нет, dog box менувачот е развиен од Рено.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15354
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #6 на: денес во 00:23:55 »
Честито Славче! Да му е уба среќата 😁🫡