Автор Тема: 2022 Renault Captur e tech 145  (Прочитано 245 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 437
2022 Renault Captur e tech 145
« на: 11 Октомври 2026, 18:54:28 pm »
Второ Рено дома, станува збор за Каптур e tech 145 full hybrid.
Купено од Аутовелт, на 145000 км, во август. Минати околу 2000 км до сега, сервисирано, и засега е ОК.
Друго што да се каже...лесно се вози, не замара по пат, споредено со Р5 и Ксарата, ова е како играчка.
Голем дел од градското возење го минува на струја, потрошувачката е некаде околу 5,4 л/100 км, градска и автопат.



« Последно менување: денес во 09:32:29 kargh77 »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7866
  • French diamond
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #1 на: 11 Октомври 2026, 23:54:00 pm »
Многу добар дизајн, најубаво мало џипче ми е ова.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30877
    • CARclub.mk
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #2 на: денес во 09:03:28 »
Одлично кросоверче! Ми остави одличен впечаток уште кога прв пат го возев. Многу убава кабина има.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 437
Одг: 2022 Renault Captur e tech 145
« Одговори #3 на: денес во 10:55:27 »
Благодарам!
Инаку, задната клупа е подвижна, по податоци од нет 16 цм напред-назад, што овозможува комбинации кај багажниот простор, кој е мал, со дупло дно, и према другите Каптури е помал поради батеријата. Сепак, до сега немаше проблеми да соберам се.
Позади има доволно простор за седење, и за колена и за глава, за некој висок колку мене(183цм).
За жал, нема резервно тркало, дигалка, алат... има сет за поправка на гума.
Позади комотно седат двајца возрасни, третиот би имал проблем на долги патувања.
Се седи повишено, сепак е кросовер, и, за разлика од другите французи кои ги имам, ова има доста потврда суспензија. Сепак, механиката и подвозјето се на Нисан.
Генерално тивко возило, има бучава повеќе од ветер на некои 130+ км/ч, ама подносливо. Кога оди на струја е како дух :)










« Последно менување: денес во 10:57:08 zeroSignal »