Благодарам!
Инаку, задната клупа е подвижна, по податоци од нет 16 цм напред-назад, што овозможува комбинации кај багажниот простор, кој е мал, со дупло дно, и према другите Каптури е помал поради батеријата. Сепак, до сега немаше проблеми да соберам се.
Позади има доволно простор за седење, и за колена и за глава, за некој висок колку мене(183цм).
За жал, нема резервно тркало, дигалка, алат... има сет за поправка на гума.
Позади комотно седат двајца возрасни, третиот би имал проблем на долги патувања.
Се седи повишено, сепак е кросовер, и, за разлика од другите французи кои ги имам, ова има доста потврда суспензија. Сепак, механиката и подвозјето се на Нисан.
Генерално тивко возило, има бучава повеќе од ветер на некои 130+ км/ч, ама подносливо. Кога оди на струја е како дух





