@Stratro @Deni енд еврибади.
Решив малце по малце да ја средам исхраната.
Доручекот е секогаш житарици со јогурт со најниска масленост.
После некое време си почнувам, јаболко, праска, бостан итн.
Е кај ручекот запнувам и ми треба помош.
Поима немам што треба да јадам за да ослабам.
Шеќери, бел леб, грицки не јадам веќе две недели. (Купувам црн леб само).
Ми рекоа само варено/печено. Стек и риба да јадам најмногу.
Ама поима немам како да го испечам. Исто и риба, те купи туна, те не купувај туна штетна е.
Преку недела ручекот ми е вака.
1. Грашок
2. Боранија
3. Компир манџа.
4. Е тука мешам некоја риба од кам или стокомак.
5. Грав
6. Турлитава
7. Исто турлитава, пошто само јас јадам.
Уфрелете некое јадење, рецепт, страна, совет или било што.
Јајца, мајонез, кечап ми е забрането.
Вечера, живи семки/ сончоглед и пуканки без сол и вегета.
Преку цел ден 3/4 литра вода и тоа е тоа.
Секој ден по 20км со точак проаѓам.