@Jimny По муабетот изгледаш како изневерен од дрпспмне и тоа што дрпсмне ветувало нема никаква врдка со постот на членот и туку така да го направиш дел од партијата.
@andrejnaumovski Не дека оправдувам тоа што имплементацијата оди не баш добро,а и не знам зошто се има такво мислење.Дали бекој е казнет досега по грешка или не оправдано или па грешките од тест периодот се проблемот?
Пошо баш пред некој ден читав дека во Англија камери на беколку места со години не работеле камо треба и сликале погрешно.Значи и кај по искусните има фалинки во системот.
Лондон има преку 600к вкупно камери низ цел град, од кои солиден процент претпоставувам се сообраќајни.
Не иде добро имплементацијата заради многу работи:
1. На 7 дена пред пуштање на системот во употреба јас видов по интернет 3 случаи за кои што стигнале тест казни за возење 5-6км/ч ПОД дозволеното, од кои една тука на форумов
2. Заклучно со 16.01.2026 МВР немала поднесено барање до лизинг компаниите да поднесат контакт податоци за лизинг корисниците за секое возило (не сум проверил ама не би ме чудело уште да немаат). Што значи дека луѓето и компаниите што возат коли на лизинг немале прилика да тестираат дали нивните контакт податоци се точно внесени
3. 2 месеци има тест период а нема едноставен начин како да пријавиш неисправност во системот (ако воопшто има начин)
4. Не може државата да одлучи да си ја олесни работата за нив така што казните ќе ги испраќа електронски а не до физичка адреса, АМА кога ќе дојде време за поднесување жалба тебе да не ти овозможи електронски да го решиш тоа туку да одиш на еден единствен шалтер во градов за тие работи
5. Пишав погоре дека камерите како што се моментално распределени се нерамномерно, и се повеќе таргетирани за да наплатат што е можно повеќе отколку да воведат некаква безбедност (сабајле ќе ме изгазеа на пешачки на 8ми Септември околу кој нема ниту една камера, а пешачкиот не е со семафор)
6. Системот треба да е комплементарен на работата на полицијата ама прво полицијата треба да работи. Џабе ќе се казнува преку камери за неправилно паркирање кога низ споредни улички неправилното паркирање е 20 пати полошо отколку по булевари а баш во тие делови нема камери. Полиција со месеци барам бар еднаш неделно за паркинг ситуацијата околку мојата зграда, секој повик добивам „Ќе пратиме пајак“ ама изгледа пајакот на грешно место го праќаат

Во секој случај, има мноооооогу утки во системов. Да го водев јас проектов мене ќе ми беше срам вака да излезе во продукција. Моментално вака нешто испаѓа
