Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.
Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.
Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.
Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.
Доказот за успешна достава е електронскиот запис кој се чува во архива. Правото на жалба е загарантирано. Доколку немаш мејл или мобилен, тоа треба да го истакнеш при регистрирање на возилото. Сепак имај предвид дека давање лажна изјава е кривично дело.
Сега ме интересира, дали ти имаш мејл и мобилен телефон? Дали имаш пристап до интернет или можеби ова го пишуваш од некој бесплатен интернет киоск обезбеден од државата? Ова ме интересира затоа што си жестоко против ваквиот начин на достава, па дури го сметаш и за противуставен. Од друга страна, претседателот на Уставниот Суд веќе даде позитивно мислење за целиов систем. Сепак конечната одлука по жалбите кон Уставниот Суд ќе биде донесена за некое време. Мислам дека ќе бидат одбиени. Во тој случај треба да се ангажираат правните експерти од социјалните мрежи и да го кутнат Сејф Сити во Стразбур. Или Хаг беше?
Абе другар, Господ ти дал очи да гледаш, уши да слушаш, но и памет да разбереш што знам?
При имплементирање на овој систем има еден куп неправилности, кои првенствено се опасни за човекот. Типичен пример е Куманово ќе ги оставам на страна Скопје и Тетово. Луѓето со години апелираат и поднесуваат барања за нефункционални семафори, а тоа го потврдуваат и надлежните, и пак истото останува несанирано. Еј, со години не час или ден, туку години, пак повторувам, години. Прашај ги кумановци и ќе ти кажат.
На која основа ќе казниш учесник во сообраќај кога немаш исправни семафори? Дали треба секој од нас да ги тужи затоа што има неисправни семафори, а при тоа, спротивно на законот, „сејф сити“ ти изрекува казна? Кој ќе сноси последици, не дај Боже, ако дојде до смрт предизвикана од неисправен семафор?
Ова е само еден круцијален проблем. Ако сакаш, можам да ти набројам уште минимум 10 кои се директно предизвикани од системот, а не од човекот.
И што правиме сега?