Конечно ги "легнав" Goodyear Asymmetric 6-ките првите 100-тина километри, па дојде ред да ги стиснам малку по кривини и на отворено. Искрено, чувството е како да возам друга кола – буквално лепат за асфалт, стабилноста во кривина до 130 км/ч е нестварна (дури и на дожд и 2 степени надворешна температура).
Единствено што ми фали е малку повеќе комфор. Колата стана доста покрута, веројатно поради XL (Extra Load) гумите, а и претходниот газда пред 3 години ја има освежено цела предница со Blue Print (лева задни чаура на виљушка) и Febi Bilstein (јабучици и стабилизатори комплет). Сега подвозјето е стегнато до максимум, секоја нерамнина се осеќа, ама за возврат добиваш управување како на шини. Ако барате перформанси и безбедност, гумава е топ, само спремете се на малку потврдо возење.