Интересно видео:
Одлично видео. Точно посочено како еволуирал наративот.
Сепак, главната поента е на почетокот кога се објаснува дека излегуваат дури 40% дизел при рафинирање на нафтата, што го прави многу поевтин за производство од бензинот.
За да нема реплики како пред извесно време, зборувам за коштање при производство,
не за цени на берзи.
Се е убаво објаснето со кризните години, и за да се стимулира дизелот се креира еконаратив преку цо2.
Се е супер до моментот кога се пореметува балансот помеѓу потрошувачка на бензин вс дизел кои нормално влијаат на цените на берзите.
Тука доаѓа напомош дизелгејт и се креира друг наратив дека дизелот е смртоносен, но во позадина е секогаш профитот кој е тесно поврзан со процентуалниот сооднос бензин/дизел при рафинирање на нафтата.
Со други зборови, се додека има потреба од бензин, ќе има и дизел, и обратно. И цената ќе осцилира во зависност од потрошувачката/побарувачката.
И токму тука се гледа мотивот за најновиот наратив дека електрификација е она вистинското, а се друго е ѓаволштина.
Всушност, најисправно би било да се прекине со лов на вештици.
Цело е кога има се!