Автор Тема: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)  (Прочитано 2196 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Здраво дечки,

Ми треба совет и искуство со некој од моделите. Пошто Маздата врти километри и се приближува до 200 илјади, размислувам за наредно возило.

Ко што е редоследот у насловот, така ми се фаворити наведените возила. Колата ќе се купи и вози главно низ Швајцарија, со неколку месеци у годината низ Македонија, така да трошоци за увоз/извоз не влегуваат во критерија за купување.

Ми треба што потивка кола (за која што Маздата не е нешто покажана за брзини над 120км/час) и поудобна. Потрошња не е голем фактор.
Би сакал дизел, но имам мислење дека дизелите стануваат покомплицирани и подефектни со сите тие еко форми, ДПФ филтри. Маздата е еден доказ дека ДПФ-от е секојдневие кое што морам да запазам кога регенерира и да ја повозам додека не истрае целата процедура. Поради сето ова разгледувам и бензинци. Исто да нагласим дека вртим по 30тина илјади километри годишно.

Па да почнемо:

1. Mercedes GLC 2018/2019 - 250d vs 250 benzin vs 300 benzin - Искрено би сакал дизел од овие модели, колку што читав овој е доста покажан мотор и е у маркет долго време. Општо дизајнот ми е одличен, внатре и надвор, единствена мана ми е малиот дисплеј, али тоа е тоа. Фејслифтор некако ми е поружен и претежно хибриди се, што би сакал да ги избегнам сега за сега. Немам информации како се покажани бензинците, ама ги бие глас дека знаат да трошат. Некоја препорапа што да се запази за овој модел би била заблагодарена од моја страна.
Пример: https://www.autoscout24.ch/fr/d/mercedes-benz-glc-250-d-amg-line-4matic-9g-tronic-11900467

2. Audi Q5 2019 - 2020 2.0 tdi 190ps - Овој модел ми е интересен, прекрасен ентериер, добар мотор што може да го сервисирам било каде низ балкан. Екстериерот не ми е нешто по ќејф, ама изгледа доста квалитетно изработено. Моторот ко што реков претходно, ме плашат можни проблеми со ДПФ, али отом потом..
Пример: https://www.autoscout24.ch/fr/d/audi-q5-40-tdi-sport-quattro-s-tronic-occasione-11186278

3. Skoda Kodial 2020- 2023 2.0 tdi/tsi - Интересен модел ми е кодиакот и мотор ист како аудито, единствено што ме одвлекува е дека ја нема таа удобност и комфорт ко претходниве два модели. Звучната изолација е на пониско ниво од претходните два модели. Не знам дали 2.0 ТСИ ги средија да не трошат улје ко бесни. Би играл на бензинец овде. Дизајнот ми е така и така.
Од ова у буџет влага и РС модел.
Пример: https://www.autoscout24.ch/fr/d/skoda-kodiaq-20-bi-tdi-scr-rs-4x4-dsg-standheizung-11440707

4. BMW X3 2018 - 2020 2.0 tdi 190ps - Супер дизајн, внатре и надвор..Единствено не знам ништо за БМВ а читам дека се доста кварливи.
Пример: https://www.autoscout24.ch/fr/d/bmw-x3-xdrive-20d-individual-xline-steptronic-ch-fhz-mit-gratis-service-paket-sportsitze-im-leder-viele-extra-ab-mfk-11735286

4. Останато: Интересни модели ми се и BMW X4 2018 - 2020, СуперБ (само што ги нема во седан изведба низ Швајцарија, а млад сум за каравани), Октавија (исти случај ко СуперБ, каравани со лопата да ги ринеш, седани ни за лек нема), Тигуан (симпатичен али ништо посебно), нова Мазда СХ-5 (бензин), нова Киа Спортаџ

Некој збор или некое искуство ако некој има за некој од наброениве модели, би бил доста благодарен.

Фала унапред!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2024, 18:43:48 pm »
Од сите наведени во поглед на мотор/мењач најдобар избор ти е ГЛЦ.
Ако возиш кратки релации дпф како и кај сите си страда.Исто имаш и ад блу систем.
Комшијата го има ГЛЦ 250 скоро 3г,го зеде со 120К сега е на 160К во главно без проблеми.

Јас би одел на бензинец,ама тука веќе потрошувачката ќе оди 1-2л нагоре во поглед на тоа ако го имаш истиот мотор да речиме во Ц класа.

Ауди 2.0 190 моторот е ок,послав менувач има од Мерц.
Шкода истото е.
Бмв мењач добар,ланче кине поќе од каиш.
Во главно е тоа...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2024, 18:49:27 pm »
GLC на LPG?

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2024, 18:52:37 pm »
ГДИ мотор,колку шо знам е скоро не возможно,а и да е возможно не е толку исплатливо и проследено со потенцијални проблеми.
Јас не би одел на таа варијанта.
Додуша јас не би одел ни на СУВ варијанта.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8886
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2024, 18:56:14 pm »
BMW 3.0d

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #5 на: 31 Октомври 2024, 08:30:02 am »
GLC 250d (300d би било подобро) со 9G Tronic, возилото е преудобно и претивко.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6452
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #6 на: 31 Октомври 2024, 08:42:07 am »
Oд конкретните примери што си ги ставил би идел на аудито или мерцедесот, повеќе накај аудито зошто има подобра опрема. Нема да имаш никакви проблеми до 300.000км минимум со ДПФ-то, не е тоа Мазда :). БМВ-то нема ни адаптивен темпомат така да би го баталил.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1961
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #7 на: 31 Октомври 2024, 08:58:13 am »
Од сите модели дефинитивно глц оди според мене најдобар избор одлично возило моќно добар клиренс.(и јас го меркам истиот модел)поуздан простран чиста10ка.Х4 позади е многу мал и тесен избегни го 2.0 моторот е преслаб за тоа возило.Глц фантастичен џип и визуелно естетски во сите сегменти биди спремен од 40до45 илјади евра да најдеш одличен амг пакет 2020/21.Упте еднаш одличен избор ти е мерцедесот.Гуд лак

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #8 на: 31 Октомври 2024, 09:00:51 am »
Освен ако не патиш од значка, јас би го ставил Кодиакот на прво место.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6452
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #9 на: 31 Октомври 2024, 09:10:02 am »
Неможе да го ставиш на прво место кодиакот, доволно е да го погледнеш подвозјето и се ќе стане јасно. Све е алуминиум кај бмв, мерцедес, ауди поголеми/подебели чаури. Сето тоа придонесува за подобра вожња а па за изолација да не правиме муабет. Кодиакот е одлично возило (само не со тој мотор 2.0 240кс) но е исто како да споредиш бмв3ка и шкода суперб, не иде.


Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 961
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #10 на: 31 Октомври 2024, 09:36:10 am »
Од сите наведени во поглед на мотор/мењач најдобар избор ти е ГЛЦ.
Ако возиш кратки релации дпф како и кај сите си страда.Исто имаш и ад блу систем.
Комшијата го има ГЛЦ 250 скоро 3г,го зеде со 120К сега е на 160К во главно без проблеми.

Јас би одел на бензинец,ама тука веќе потрошувачката ќе оди 1-2л нагоре во поглед на тоа ако го имаш истиот мотор да речиме во Ц класа.

Ауди 2.0 190 моторот е ок,послав менувач има од Мерц.
Шкода истото е.
Бмв мењач добар,ланче кине поќе од каиш.
Во главно е тоа...

Во оваа X3ка не се моторите што имаат проблем со ланчето, оваа вози B47 и B57 дизели.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1304
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #11 на: 31 Октомври 2024, 09:40:09 am »
Јас кога би купувал друго возило пак би било Кодиак. Кај кодиак се бара да има адаптивно подвозје (она само преку електрично водени амортизери) и дополнителна звучна заштита.
Таа заштита прави неверојатна тишина во возилото. Многу лесно за управување, а просторно возило повеќе од сите тука. Последните дизели се многу мирни, а ако го цепаш у лимити, може да потроши 0,5 литра уље на 15К км.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Фамилијарен СУВ: Mercedes GLC vs Audi Q5 vs Skoda Kodiaq vs BMW X3 vs Остало :)
« Одговори #12 на: 31 Октомври 2024, 10:49:02 am »
Во останато, односно точка 4 би препорачал:
Тојота Камри 2.5 хибрид.
Лексус NX хибрид.
Mercedes CLS CDI
AUDI A7 TDI
AUDI Q7 TDI

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 243
Од сите наведени во поглед на мотор/мењач најдобар избор ти е ГЛЦ.
Ако возиш кратки релации дпф како и кај сите си страда.Исто имаш и ад блу систем.
Комшијата го има ГЛЦ 250 скоро 3г,го зеде со 120К сега е на 160К во главно без проблеми.

Јас би одел на бензинец,ама тука веќе потрошувачката ќе оди 1-2л нагоре во поглед на тоа ако го имаш истиот мотор да речиме во Ц класа.

Ауди 2.0 190 моторот е ок,послав менувач има од Мерц.
Шкода истото е.
Бмв мењач добар,ланче кине поќе од каиш.
Во главно е тоа...

Во оваа X3ка не се моторите што имаат проблем со ланчето, оваа вози B47 и B57 дизели.

Кај мене на X1 e B47. Не знам дали да го менувам превентивно. Не покажува никакви знаци, ниту звук ниту ништо. Има 155к.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 243
Во врска со Мерцедес. Лично сметам дека завршната изработка и квалитетот не е на ниво на цената на ова возило. А и самата внатрешност изгледа лошо во споредба со Аудито и БМВто