Здраво дечки,
Ми треба совет и искуство со некој од моделите. Пошто Маздата врти километри и се приближува до 200 илјади, размислувам за наредно возило.
Ко што е редоследот у насловот, така ми се фаворити наведените возила. Колата ќе се купи и вози главно низ Швајцарија, со неколку месеци у годината низ Македонија, така да трошоци за увоз/извоз не влегуваат во критерија за купување.
Ми треба што потивка кола (за која што Маздата не е нешто покажана за брзини над 120км/час) и поудобна. Потрошња не е голем фактор.
Би сакал дизел, но имам мислење дека дизелите стануваат покомплицирани и подефектни со сите тие еко форми, ДПФ филтри. Маздата е еден доказ дека ДПФ-от е секојдневие кое што морам да запазам кога регенерира и да ја повозам додека не истрае целата процедура. Поради сето ова разгледувам и бензинци. Исто да нагласим дека вртим по 30тина илјади километри годишно.
Па да почнемо:
1. Mercedes GLC 2018/2019 - 250d vs 250 benzin vs 300 benzin - Искрено би сакал дизел од овие модели, колку што читав овој е доста покажан мотор и е у маркет долго време. Општо дизајнот ми е одличен, внатре и надвор, единствена мана ми е малиот дисплеј, али тоа е тоа. Фејслифтор некако ми е поружен и претежно хибриди се, што би сакал да ги избегнам сега за сега. Немам информации како се покажани бензинците, ама ги бие глас дека знаат да трошат. Некоја препорапа што да се запази за овој модел би била заблагодарена од моја страна.
Пример:
https://www.autoscout24.ch/fr/d/mercedes-benz-glc-250-d-amg-line-4matic-9g-tronic-119004672. Audi Q5 2019 - 2020 2.0 tdi 190ps - Овој модел ми е интересен, прекрасен ентериер, добар мотор што може да го сервисирам било каде низ балкан. Екстериерот не ми е нешто по ќејф, ама изгледа доста квалитетно изработено. Моторот ко што реков претходно, ме плашат можни проблеми со ДПФ, али отом потом..
Пример:
https://www.autoscout24.ch/fr/d/audi-q5-40-tdi-sport-quattro-s-tronic-occasione-111862783. Skoda Kodial 2020- 2023 2.0 tdi/tsi - Интересен модел ми е кодиакот и мотор ист како аудито, единствено што ме одвлекува е дека ја нема таа удобност и комфорт ко претходниве два модели. Звучната изолација е на пониско ниво од претходните два модели. Не знам дали 2.0 ТСИ ги средија да не трошат улје ко бесни. Би играл на бензинец овде. Дизајнот ми е така и така.
Од ова у буџет влага и РС модел.
Пример:
https://www.autoscout24.ch/fr/d/skoda-kodiaq-20-bi-tdi-scr-rs-4x4-dsg-standheizung-114407074. BMW X3 2018 - 2020 2.0 tdi 190ps - Супер дизајн, внатре и надвор..Единствено не знам ништо за БМВ а читам дека се доста кварливи.
Пример:
https://www.autoscout24.ch/fr/d/bmw-x3-xdrive-20d-individual-xline-steptronic-ch-fhz-mit-gratis-service-paket-sportsitze-im-leder-viele-extra-ab-mfk-117352864. Останато: Интересни модели ми се и BMW X4 2018 - 2020, СуперБ (само што ги нема во седан изведба низ Швајцарија, а млад сум за каравани), Октавија (исти случај ко СуперБ, каравани со лопата да ги ринеш, седани ни за лек нема), Тигуан (симпатичен али ништо посебно), нова Мазда СХ-5 (бензин), нова Киа Спортаџ
Некој збор или некое искуство ако некој има за некој од наброениве модели, би бил доста благодарен.
Фала унапред!