Година и пол и 30Ккм изминати стигнавме и до првиот дефект.На последното патување пред една недела,на враќање од Италија кон дома "паднав во дупка" (Фиренца)на автопат.
После околу 500км(Инсбрук)светна сензорот за притисок во гумите кој и друг пат има светнато кога сум собрал некоја дупка или сум се качил абдалаки на некој низок тротоар.
Застанав на 3-та пумпа пошо немаше потреба на првата да застанам бидејќи веќе 500км немаше ни тресење ни ништо.
Излегов да видам дали гумата е оштетена и гледајки од внатрешната страна на бандашот видов дека има мрсно,поточно манжетната од зглобот пукнала.
Скоро сум сигурен дека нема пукнато од ударот во дупката,ама ете поради тој удар ја открив на време.
Порачана е нова,треба да стигни деновиве и нареден викенд да се смени.
Можеби требаше сите манжетни да ги порачам и сменам за да бидат задоволени нечии стандарди за правилно одржување на возило ама во тој случај не би имале материјал за јадење...
Цена на манжетната околу 25е со се достава,а заедно со неа порачав и бришачи Бош,масло,филтери и свеќици се набавени уште 2000км и ги менуваме и нив,а можи и во Мк да ги сменам кога ќе сум на одмор,зависи од време,расположение и како ќе се поминат километрите.
И за крај,го проверив притисокот во гумите на 3-та бензиска каде што бев застанат,сензорот си дојде при себе,нарочивме бензин,набавивме кафе за по пат и си продолживме према дома.
