Автор Тема: Toyota Camry Hybrid Executive  (Прочитано 17206 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #120 на: 13 Декември 2024, 14:44:01 pm »
Vo Germanija ne sum bil na vulkanizer dosega.

Јас сум бил во Австрија. И искрен да бидам, многу имаш пропуштено.
:D :D :D :D

Во моментот да имав сет за репарација, сам за не повеќе од 5 минути ке си ја средев дупката.
Наспрем тоа, цел час се тегавевме со мајсторот за да стави лепенка, за која не сакаше да ја стави, па ја вадеше гумата, па ја вртеше, па вртеше телефони, па се консултираше со шефови, колеги, па нудеше нова гума и муабет дека истата не се поправала и не била безбедна и што ти ја знам што све не, за да во 5 до 12 или 10 минути пред истекот на 1 час, стави лепенка, ја врати гумата на бандаш, ја избалансира, врати на кола и испринта сметка на која што имаше 15 наведени ставки, и кажа дека поправката нема гаранција и дека ние своеволно сме прифатиле поправка на гумата. Си наплати 50 еур.
Ова е од пред неколку години случка.
Место на случката - Околина на Клагенфурт.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #121 на: 13 Декември 2024, 15:59:49 pm »
Мене ми зедоја во Германија за една мочана чивија или што и да ставија, имаше мало штрафче во гумата, затоа претпоставувам чивија беше, 40€  ;D Говеда.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #122 на: 13 Декември 2024, 16:45:27 pm »
Па добро, ако сакаш да плаќаш македонски цени, земај и македонска плата. ;)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #123 на: 13 Декември 2024, 16:56:16 pm »
@n1kola 5 евра е китот со неколку чивии и 15e една пумпа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #124 на: 13 Декември 2024, 19:43:23 pm »
Па добро, ако сакаш да плаќаш македонски цени, земај и македонска плата. ;)

Ај сега израчунај процентуално 40€ од 1400€ и 200 денари од 18000, после оправдувај ја цената. Ако е Германија не треба да се напраќа тродупло од реалното, ама како што кажа и погоре некој, ќе ја држат колата 1 сат ѓупците, за да можат да ти наплатат 1 сат работа што ја сработиле за 15 минути 

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #125 на: 13 Декември 2024, 19:55:54 pm »
40 Евра е 2.8% од 1400 Евра. 200 денари е 1.1% од 18000 денари. Дупло е поскапо, процентуално гледано. Очекував да е повеќе, со оглед на тоа дека луѓе кај нас очекуваат дека работната рака треба да е бесплатна.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #126 на: 13 Декември 2024, 19:57:15 pm »
22567 денари е минималец без минат труд.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #127 на: 13 Декември 2024, 19:59:27 pm »
200 денари е кај нас чивија да ти наместат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #128 на: 13 Декември 2024, 20:02:45 pm »
1,557€ минималец во Германија нето (40 часа неделно по минимална сатница - данок за класа 1), во Македонија 22,567 ден. ако цепидлачиме.
2.56% vs  0.88%
Скоро 3 пати повеќе.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #129 на: 13 Декември 2024, 20:03:40 pm »
Така е 0.9%. 3:1 е веќе очекувана разлика во цена. Треба да се одвикнеме дека работната рака (односно знаењето и искуството) треба да бидат бесплатни.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #130 на: 13 Декември 2024, 20:08:09 pm »
Минатата година во Белгија на колегата му се слоши во возење,поточно мозочен удар и удри во автобуска постојка.
Камионот беше многу малку удрен,поточно браникот пукнат и светлото и беше во возна состојба во која можеше смободно да се вози до Германија камионот.
Полицијата вика влечна служба да го тргнат камионот од местото.
Тие со возење го преместуваат камионот до нивното депо кое се наоѓаше на 3-4км од местото на несреќата.
3700€ наплатија.3700 мајки.......
По сервиси да ти е страв да влезиш. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #131 на: 13 Декември 2024, 20:49:02 pm »
Затоа и се селат луѓето. Заради големи плати.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #132 на: 14 Декември 2024, 10:43:37 am »
Врти сучи тие се цените. Колеле, не колеле, страшно било не било таа е. Друг пат ќе си терам на друго место + рент-а-кар за денот кога ќе сум без кола (ако ми треба) и ќе биде поевтино. Најважно е, сервисирана е Тојотата и е спремна за наредни 15к патувања по европа, светот и пошироко.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.