Денес празнично слободни па да искористиме денот пред патување за промена на зимски со летен сет на гуми.Со зимските поминати околу 8Ккм.
Истотака забележав и дека задните плочки се скоро до коска,а ги имав набавено од порано ама не ги сменив пошо тогаш беа скоро нови и ги сменив само предните плочки(не ми е јасно како за 1г толку да се потрошат

) па со малку играње со ел. рачна ги сменив и нив,се на се саат и пол работа.Дисковите се добри,овој сет плочки ќе им е последен и за наредна промена ќе одат комплет нови дискови и плочки, напред/назад .Инаку Брембо плочки ставив ако некој го интересира тоа.
Наредно за месец два кога ќе имам време и таман до тогаш ќе стигнат и километеите следува промена на масло и свеќици.
Не стигнав да сликам дур работев,ама ете слика од старите плочки колку за илустрација



Овие биле Јурид колку шо можам да видам на плочката.
И уште една слика да се подсетите како изгледа со летен сет бандаши.

Утре едно добро перење и восоцирање и спремна е за патување.