Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 17216 пати)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #165 на: 19 Септември 2024, 00:33:44 am »
Moments before disaster :) (5 минути после ова дојде полиција и убаво ме претресе)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не можам да ѝ се изнагледам на колава. Фала ви на сите, ви посакувам да си купите поубава.
Abe me strecna, po prvite napisani zborovi si pomisliv si ja seftosal od prv den.
Dobro e.

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #166 на: 19 Септември 2024, 11:50:37 am »
Убајни, честитки!
Со здравје да си ја возиш, уба да му е среќата!

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #167 на: 19 Септември 2024, 22:48:26 pm »
Вчера и денес поминав сѐ на сѐ некои 500 километри, мал дел низ град, најголем дел на отворено и тоа во скоро сите можни временски услови (автопат, планински превои, ме фати пороен дожд, магла, нешто на суво, уште снег што не заврна  :) ), па ај една кратка рецензија да напишам и да споделам импресии.

Прво, колата внатре надвор е скоро како нова. Немам никакви замерки освен кожата на страничниот потпирач на возачкото седиште каде што се влегува/излегува, ама ништо страшно. Останатото е во перфектна состојба.

Од аспект на практичност, на задните седишта има сосема доволно место возрасен човек до кај 180цм висина да седи со простор и за колена и за глава. Јас сум 185цм, со предно седиште во моја возачка позиција имам повеќе од доволно простор за колена, ама за глава треба да легнам малце за да ми е удобно. Да треба, можам без проблем 2 саати да се возам позади. Багажникот повеќе од доволно простор за моите потреби. Има бежично полнење за телефон, блутути мутути сите тие глупости. Во Работи што кога ќе седнете во колава не ви се воопшто битни :).

Прво палење, звукот што го вади на ладен старт е, со еден збор, страшен. Џабе ОПФи и 2 катализатори, дупло погласен е од 335ката. Плус помалку изолација има внатре, повеќе се осеќа сѐ.

Возењето низ град е нормално. Torque ниско повеќе од доволно, менувачот е прецизен и лесен за користење, плус сам дава гас на отпуштање куплунг во прва, има hill hold, auto rev match, многу лесно за возење. Едино што ме нервира е менувањето од прва во втора, во slave цилиндарот за куплунгот има некој вентил, и треба да почекаш 1 секунда откако ќе смениш брзина пред да отпуштиш куплунг иначе е малце неудобно. Се решава лесно и бесплатно, се вади тој вентил и после тоа нема никаков проблем.

Првото излагање на автопат вчера, фати силен дожд. Заден погон, 400 коњи, 2 и пол години стари Pilot Super Sport. Оставив сѐ во Efficient/Comfort освен воланот, тој во Sport+ за да биде поцврст. При нормално возење на автопат колава не е ништо понеудобна од многу обични коли во кои што сум се возел. Односно, би одел до степен да речам дека е дури и малку поудобна за возење од 335ката, пошто цело подвозје е дизајнирано да работи заедно. Многу лесна, удобна вожња. Тетово-Гостивар 120 на темпомат ја ставив, и немаше гајле. Презадоволен, без проблем би ја носел на долг пат особено во држави со рамен асфалт.

Чим ја извадив на Стража, таму колава сјае. Грип напред колку сакаш, назад уште повеќе. Вртењето директно, прецизно, колава ти чита мисли кај сакаш да одиш и оди таму, no questions asked. Влажен бил асфалтот? Гајле ѝ е. Body roll - што е тоа? Моторот над 4000 вртежи чим активира VANOS-от ем пее ем влече ненормално скрос до 7600RPM редлајн. Димензиите на колата перфектни, седечката позиција исто така. Кочниците муабет не правиме, 400мм 6 клипа напред, 380мм 4 клипа позади. Одличен фидбек низ педала, многу лесно се контролира.

Рачен менувач е правиот избор за колава. Каков DCT какви глупости...

Јас сум презадоволен. Повеќе од презадоволен уствари, ко мало дете се смеев вчера пошто не ми се веруваше што доживувам. Ова е proper oldschool BMW ///M. Дефинитивно една од најдобрите коли што сум ги возел и би ја рангирал над Е90 М3 во сѐ освен моторот.

Денес официјално зедов и таблици, едвај чекам да ѝ набивам километри.

Толку од мене. Еве ви една слика за кој не му се чита:


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #168 на: 19 Септември 2024, 22:56:57 pm »
ќеиф е вака кога ќе прочиташ какви мераци му прави колата на сопственикот, и да ти прави уште долго време :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #169 на: 19 Септември 2024, 23:51:41 pm »
Баш ми е мило кога ќе прочитам вакво нешто на овај форум. Си успеал да си купиш дрим кар.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #170 на: 20 Септември 2024, 02:10:42 am »

Јас сум презадоволен. Повеќе од презадоволен уствари, ко мало дете се смеев вчера пошто не ми се веруваше што доживувам.

Тоа е тоа. Со здравје да си ги уживаш моментите со колата. Секое возење да ти биде вакво задоволство :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #171 на: 20 Септември 2024, 07:36:12 am »
Убавини! Нема што да се додаде...
Дали ќе најдеш и на оваа да чепкаш нешто :) ?
Му ја закачи ли фтора?

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #172 на: 20 Септември 2024, 09:31:00 am »


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #173 на: 20 Септември 2024, 11:06:16 am »
Ќе пишев на почетокот за бојата на бандажите, ама некако што повеќе ја гледаш, таман си личат со остатокот на колата. На крајот на краиштата, вкус. Одлично изгледа!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #174 на: 20 Септември 2024, 11:21:13 am »
Со здравје да си ја возиш, и да си уживаш во секој момент.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #175 на: 20 Септември 2024, 11:34:15 am »
Убавини! Нема што да се додаде...
Дали ќе најдеш и на оваа да чепкаш нешто :) ?
Му ја закачи ли фтора?

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Сакам мапите за волан/диф/мотор од M2 CS да ги ставам, ама од аспект на механички промени тоа е тоа. Останатото е естетско :)

Ќе пишев на почетокот за бојата на бандажите, ама некако што повеќе ја гледаш, таман си личат со остатокот на колата. На крајот на краиштата, вкус. Одлично изгледа!

Нека не те лажат сликиве, бандаживе се пола сребрени. Само се лом направени.  ;D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #176 на: 20 Септември 2024, 12:03:28 pm »
Колку кии кошта возилово. Ептен мерак ми праи, би сакал еден ден да имам вакво нешто, само за себе и само за ќеиф.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #177 на: 20 Септември 2024, 12:13:11 pm »
65-70k би требало да е се.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #178 на: 20 Септември 2024, 12:30:25 pm »

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #179 на: 20 Септември 2024, 14:26:40 pm »
Колку кии кошта возилово. Ептен мерак ми праи, би сакал еден ден да имам вакво нешто, само за себе и само за ќеиф.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Батко Маце жена за години и ауто колку кошта маму не се прашуе белким детево ке се смилуе да фрли рака по едно еКспресо и немора цедено, швепс па уз кафе муабет оно  ауто приче , едно од најдобрите возила во Мкд моментално!
Со здравје и радост Андрејче да се вози.