Опел е шо да праиш
ама се тешам што е произведено во Франција
Опел Мокка-е на струја 50кв батерија. Реално 300км автономија во град кога температурите се ОК, во зима ќе биде испод 200км. Што реално не ми смета.
На кратко, колата е произведена крај на 2022, ја купив со 5700км поминато и ќе се користи како второ возило што ќе се вози до градинка/работа/дома. На работа имам бесплатно полнење.
После извозени 200км прво на памет што ми иде е зошто не купив автомобил на струја порано
, измислено е аутово за низ град. Тишина, спокој, инстант торк. Морам да пофалам дека дампингот е одличен па така возење по дупки, нерамен пат, калдрми е ништо за ова мало кросоверче. Многу сум изненаден позитивно од овој аспект. Поддржува до 100кв полнење и плус кај мене на секој чекор има брзи полначи па ако затреба полнењето од 20-80% е за околу 20-30минути.
Ќе се самоцитирам на пост што сум го пишал пред 3 години
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25013.msg1207345.html#msg1207345Еднаш имав пишано претходно кога го видов во живо еве и сега, предобро изгледа.
Еве некоја слика