Автор Тема: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017  (Прочитано 7277 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« на: 31 Јануари 2024, 23:01:01 pm »
Еден од плановите за оваа година беше да се подновам со поново возило. Одлуката падна на Mazda 3, и веќе некое време редовно пратев огласи. Бев загреан за најновиот модел во седан изведба, меѓутоа не испадна математиката и решив да се задоволам со Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017 година (facelift). Моторот е бензински, 2.0, 88kW/118hp со 6 брзински мануелен менувач. Купена од прв газда, сервисирана во овластен сервис и поминати 93.000km.
Во фамилија имаме Mazda 3 CD150 Sedan Skyactiv-D 2018, во која отсекогаш уживав во возењето, па оттука и инспирацијата ;D.

Опрема (нивото на опрема во МК се викаше Revolution, тука Attraction):

Предни LED фарови со лупа (дневни, долги, кратки) - ова беше must have, директно ги скокав огласите кои немаа Full LED.
Задни LED светла
7-инчен екран на допир
Infotainment систем FM/AM/DAB/AUX/CD/USB/Bluetooth
Навигација
Темпомат/Лимитер
Start/Stop
Греачи на волан
Греачи на предни седишта
Двозонски автоматски клима уред
Електрични, преклопливи ретровизори со греачи и Blind Spot Monitoring System
Задни паркинг сензори
Камера за рикверц
Кожен волан со команди
Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
Сензор за дожд
Електронска паркирна кочница
Auto Brake Hold
ABS/ESP/EBD
G-Vectoring
Brake Assist
Rear Cross Traffic Alert
Smart City Brake Support
Smart Brake Support


По некоја слика, нови слики здравје на проглет кога ќе ги ставам алуминиумските бандажи, вака со челик не е тоа тоа.

Одма на муабет со Маздаши...








Со задоволство раситнивме 93 тисуча километара:


На темата "колку rpm имате у задња брзина при 120 км/h"


И по некоја слика од внатрешноста



Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #1 на: 31 Јануари 2024, 23:03:59 pm »
Со здравје да се вози. Бојата е сон.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #2 на: 31 Јануари 2024, 23:11:01 pm »
Честито ново аутце, убаво изгледа и опрема има супер. Што е со моторот само 118 КС, како се однесува колата, иде ли? :)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #3 на: 31 Јануари 2024, 23:18:37 pm »
Бомбонче. Со Здравје да се вози.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #4 на: 31 Јануари 2024, 23:21:07 pm »
Ви благодарам! Поубаво да си купите.

Солидно иде за таа коњажа, моторот е ист со оној кој има 165hp, но е софтверски ограничен над 4500 обртаи. Она што е битно е дека имаат исти вртежен момент 210Nm @ 4000 rpm.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #5 на: 31 Јануари 2024, 23:21:47 pm »
Браво, браво, со здравје да се вози. Велком ту Мазда фемили!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #6 на: 01 Февруари 2024, 01:05:28 am »
Прекрасно! Уживај во секој километар!

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #7 на: 01 Февруари 2024, 07:13:27 am »
Многу убава, само тоа тркалата....Стави барем светла раткапна , црно не оди, нека биде убава и во зима.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #8 на: 01 Февруари 2024, 08:23:28 am »
Со здравје да се вози Диме, многу безгрижни километри да поминеш. Конечно се спаси од опел ;D

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #9 на: 01 Февруари 2024, 08:41:20 am »
So zdravje da se vozi, epten bojata pogodena na sonce nema poubava boja.
Pretpostavuvam letnite ti se aluminiumski felni.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #10 на: 01 Февруари 2024, 08:52:20 am »
Со здравје да се вози, лична кола, сигурно ќе изгледа уште поубаво со алуминиум.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #11 на: 01 Февруари 2024, 09:28:36 am »
Со здравје да се возит :) Убаво количе.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #12 на: 01 Февруари 2024, 10:14:48 am »
Топ количе. Ептееен ми прават мерак Маздиве. Создравје да се вози

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #13 на: 01 Февруари 2024, 10:44:35 am »
Честитки, со здравје да се вози. Бојата е перверзија.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #14 на: 01 Февруари 2024, 13:46:01 pm »
Убаво количе со погодена боја, му се загледував и јас едно време, ама неможев да си погодам мотор турбо бензин, повеќето на оглас беа дизели или атмо.