Како прво возило на кое учев да возам беше VW Golf MK3 1.6 74 kw, памтам го купивме од еден комшија за 1200 евра он беше прв газда на него. Како тазе положен, стариот не ми даваше без негово присуство да возам и нормално начекување да не е он дома, вртење круг низ маало и на враќање да ја паркирам ја изгребав убаво. Да не должам со Golf-от, како мое лично прво возило Seat Leon 1M 1.6 74 kw со плин, за две ипол години извозев 30,000 км и веќе беше време за некое поинтересно ауто, купив Fiat Bravo 1.9 jtd 150 hp. За 6 месеца направив 10,000 до тогаш беше се топ. Во меѓувреме 4 месеца бев во Хрватска, колата стоеше паркирана и кога се вратив започна интересниот дел. Дојде ред на замена замаец, во меѓувреме јави проблем со egr, па со моторот проблеми и единствено разумно решение беше да се продаде и да се изгубат 1000 евра

. Оштетен финансиски и емотивно, барав евтина опција и ми излезе старото мече со здраво срце што би рекол
@devourer. Станува збор за Mercedes Benz e200 cdi 02 годиште, макина од ауто. Ја повозев некој 7 месеца и секој километар беше уживање со нејзе. Дојде ред за некое помладалашко ауто, а во меѓувреме за мечето немаше некоја претерана заинтересираност да се купи и
@devourer како најдобар другар се одлучи да го купи. На ред дојде Honda Civic 8th gen type s, со бензински мотор 1.8 140 hp. Колата е чиста егзотика. Спортско ауто, одличен мотор, со уште подобар менувач, секој одзив на гаста е уживање и среќа. Ја имам година ипол 20,000 пројдено се вози исклучиво на отворен пат, за жал ќе мора да оди на оглас за краток период, поради потреба од поголемо возило.