Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 28344 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Volkswagen Golf 8 GTE
« на: 31 Јануари 2024, 16:06:39 pm »
И по Тито, Тито!











Епа, ајде - да покажам!

Ова е мојот Obodin White Golf 8 GTE. Плаг-ин хибрид со 1.4-литарски TSI со 150 коњски сили, батерија со капацитет од 13 kWh (достапни 10.4 kWh) и електромотор со дополнителни 110 коњски сили. Вкупната, системска моќност е одлични 245 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. DSG6 автоматски менувач и погон на предните тркала, нормално. Стига до стотче за 6.7 секунди и до максимални (мислам) 225 километри на час. Првите впечатоци се многу, многу позитивни. ;)

Со едно полнење на батеријата проаѓа меѓу 40 и 50 километри. На ладново околу 40, ќе видиме понатаму. Секако, имам уште за учење.

Има работи кои ми се допаѓаат - седиштата, возачката позиција, воланот (и тие капацитативните копчиња на воланот стварно не се никаков проблем), прегледноста, сите тие работи. Има работи кои не ми се допаѓаат - на пример, задниот браник и веѓата меѓу фаровите. Ќе пробам да ја исклучам. Софтверот во колата е така-така и на моменти работи одлично, на моменти не баш толку одлично. Има некои апдејти кои треба да се напраат, ама тоа е тоа.

Од опрема, има еден куп ствари. Предни и задни сензори (нема камера), адаптивен темпомат, LED светла напред и назад, навигација, сите системи за асистенција, итн, итн. Дополнително, дојде со два комплета тркала - ова се зимските тркала и гуми (Pirelli Sottozero во димензија 205/55/17), а има и уште едни (според мене поубави) со Goodyear Eagle F1 Assy3 FP во димензија 225/45/17.

Е сега, зошто плаг-ин хибрид? Од неколку различни причини. Let me explain.

Прво, I decided to put my money where my mouth is и да видам како е да се живее со плаг-ин хибрид. Цело време трубам дека плаг-ин хибрид е идеалната комбинација, па ете, да видам дали стварно е така. Ја имам таа привилегија да живеам во куќа со двор, па имам каде да ја полнам колата. И сакам целото тоа да го споделам јавно - па следните 12-тина месеци на CARclub.mk ќе се објавуваат месечни статии во форма на супер-тест. Бројки, статистики, потрошиувачка, перформанси, а-у. Колку што можам повеќе да извлечам. Плус, давачките за увоз на PHEV се пониски бидејќи има 50% ослободување од данокот за возила (поранешната акциза) па и цената искочи привлечна.

А како стигнав до колава? Колата не е нова-нова. Произведена е во Август 2021 и има поминато 24.000 километри. Ми ја увезе Порше Македонија, мање-више по нарачка. Јас им дадов параметри, они по тие параметри ми најдоа возило. Возилото не ги исполни сите параметри (рецимо, сакав не-бела боја и сакав да ги има магленките во предниот браник, али јебига), но ги исполни (и надмина) повеќето од параметрите, вклучувајќи ја и цената. За возилото (уште пред да го потврдам) добив 18 страни документ од DEKRA со целосна инспекција. Сервисна историја - освен еден направен сервис во Германија - немаше. Возилото стигна, си истера уште една проверка тука, плус во цената беше вклучен и уште еден редовен сервис - и тоа е тоа. Цената (до регистрација) беше 26.300 Евра.

Процесот траеше месец и кусур (плус пропратните процедури кај нас, уште чекам таблички, во моментов е на пробни, а овие беа стаени само за сликање).

Планови? Ехеее, еден куп - ама за тоа, кога ќе дојде ред.

И нормално...

« Последно менување: 31 Јануари 2024, 16:18:31 pm zeroSignal »

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #1 на: 31 Јануари 2024, 16:09:04 pm »
Честитки класен
Со здравје да се вози

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4202
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #2 на: 31 Јануари 2024, 16:11:48 pm »
Честитки на изборот, мислам дека ќе бидеш задоволен и од овој голф како и од претходниот. За малце не погодив со прогнозата, ама мислам имаче членови кои погодија :)
Дали имаше и други возила од други брендови во изборот или строго на Голф циљаше?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #3 на: 31 Јануари 2024, 16:13:27 pm »
Честитки!

Неочекуван очекувачки потег.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3829
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #4 на: 31 Јануари 2024, 16:13:40 pm »
Со здравје да се вози, само на убави места да те носи!

Се разбира дека Голф се заменува само со Голф, точно погодив значи :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #5 на: 31 Јануари 2024, 16:15:23 pm »
Честитки на изборот, мислам дека ќе бидеш задоволен и од овој голф како и од претходниот. За малце не погодив со прогнозата, ама мислам имаче членови кои погодија :)
Дали имаше и други возила од други брендови во изборот или строго на Голф циљаше?

Тоа заборавив да пишам. Имаше уште 2-3 возила кои беа во игра. Размислував и за Peugeot 308 GT Hybrid и Opel Astra GSe (како плаг-ин хибриди) и за Kia Ceed GT (како конвеционален бензинец). И уште пар други возила влегоа во поширок избор. Секакви кросовер, сув-мув и слични други возила беа исклучени од игра.

Со здравје да се вози, само на убави места да те носи!

Се разбира дека Голф се заменува само со Голф, точно погодив значи :D

Така си е. После Голф, Бентли е апгрејд, све друго е... ;D
« Последно менување: 31 Јануари 2024, 16:33:26 pm zeroSignal »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1668
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #6 на: 31 Јануари 2024, 16:15:30 pm »
Со здравје да се вози, убав избор.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #7 на: 31 Јануари 2024, 16:17:06 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6452
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #8 на: 31 Јануари 2024, 16:22:19 pm »
Со здравје да си ја возиш! Многу интересен избор. Како е чувството кога дигаш хауба без амортизер?  ;D

Ме интересира, кога да речеме батериите се наполнети и решаваш да возиш низ град. По дифолт работи како хибрид односно самиот автомобил одлучува кога да вози само на струја или претежо работи комбинирано струја плус мотор? Или по дифолт е на струја се додека батериите не дојдат на 0%?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #9 на: 31 Јануари 2024, 16:24:42 pm »
Стартува во EV режим и вози на струја. Може да вози на струја до 130 км/ч а благодарение на вртежниот момент од електромоторот (330 Nm) се движи прилично лесно. Бензинецот не го стартува сè додека не дадеш многу гас или не ја елиминира скроз батеријата. Ама и во тие ситуации во батериите има доволно струја за boost при полн гас.

Кога ќе го стартува бензинецот, не го гаси сè додека не постигне некаква работна температура (и во тие ситуации EV режимот е недостапен) за да избегне пали-гаси на ладно. Ама и тогаш ја преферира батеријата, иако бензинецот си работи во позадина.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #10 на: 31 Јануари 2024, 16:31:49 pm »
Многу солиден избор, а ако се вкалкулира и зделката, е феноменален избор. Ќе се оди на Stig helmet look и тоа е тоа, барем ќе е осетно поладно летно време. Инаку добро делува на изглед. Од голф ова е правиот избор.

Со здравје да се вози!

Само сега ќе мора да се навикнеш дека возиш кола од 55000 евра. :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5529
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #11 на: 31 Јануари 2024, 16:34:17 pm »
So zdravje da se vozi, interesen izbor nema sto.
Odlicna zamisla imas so testovite.

Za vegata se soglasuvam ama sigurno se resava takva rabota.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #12 на: 31 Јануари 2024, 16:37:27 pm »
То, лутко!
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3738
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #13 на: 31 Јануари 2024, 16:38:54 pm »
Па па, пишано имав Чери или ГТЕ и испадна второво :D

Честито, со здравје да се вози.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7061
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #14 на: 31 Јануари 2024, 16:48:11 pm »
Со здравје да се вози, бензин само за на одмор да ставаш.