Горивото е сосема во ред. Не е сигурно со топ квалитет ама има далеку полоши горива низ балканот па пак се возат колите, Србија, Косово, Албанија... сите тие имаат полошо гориво од нас па ене и таму коли има. Лесно е кога ќе направиш нешто да бараш грешка кај друг. Колата си има проблем и тоа е тоа. Мат Армстронг (јутјубер), правеше ребилд на една РС6, отиде со неа во Америка и ја зариба таму заради тоа што била ремапирана за европско гориво кое било поквалитетно и не рече човекот горивото таму не чини, само е со помала октанска вредност и тоа е тоа, кога се предвидува колата и се продава како нова на некој пазар треба да се свесни и какво гориво има таму, ако не е така нека напишат изричито во корисничкото упатство дека гориво треба во Грција да се става.