Автор Тема: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011  (Прочитано 1643 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #30 на: 08 Декември 2023, 12:56:38 pm »
Сега веќе џабе ти е регенерација со дупнат ДПФ.
Требало од Лукоил до Гентерм со трета на 3000-3500 вртежи да ја извозиш и назад за регенерација.
Сега барај добро масло после средувањето на проблемот. Пиши повеќе инфо тука:
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,1278.10425.html

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #31 на: 08 Декември 2023, 13:15:26 pm »
Страшно е колку погрешно разбираат луѓето како работи дпф и колку е само небитно дали возиш на 1500 или 3500 обртаи. Ако е започната редовна регенерација 90% нема да знаеш, но ако имаш добро сетило за слух ондак ќе сфатиш дека регенарцијата трае 15тина минути и дали возиш на 1500 обртаи или 2500 или па си во лер на семафор не е битно се додека моторот не е исклучен. Особено па на новиве еуро6+ дизели со адблу и триста палци скоро невозможно е да знаеш кога се случува регенерација.

Нема ништо подобро за продолжување на животен век на дпф од возење во град но на долги релации, идеално за такси што се вози 24/7. При такви услови на експлоатација побавно се полни дпф-то со гареж дур не дојде време за редовна регенерација. Многу побрзо се полни дпф-то кога го цепаш на отворено 150кмч+ и регенерацијата всушност се случува на помалку изминати километри.

Во случајот на авторот на темата веќе дошло до редовно палење на сијаличка за дпф. Односно си го ебал ежот и единствено решение е нов дпф или вадење. При секоја генерација која се случува на 300-800км во зависнот од експлоатација на возилото, останува пепелта како несогорлива во самиот процес на горење на гарежот при редовна регенерација. ДПФ-то веќе е преполно со пепел, физички помалце простор има за гарежот да се складира помеѓу регенерации и затоа почнува да се пали сијаличката се почесто.


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #32 на: 08 Декември 2023, 13:35:37 pm »
Здраво на сите, имам едно прашање во врска со потрошувачката на мојата кола Opel Astra J 1.7 cdti 2011.
Скоро еден месец ја возам, ја купив некаде на 1 Ноември 2023, колата работи перфектно, моторот дури не се ни слуша, проблемот е тоа што троши 10литра на 100 км градско возење, а сега пред една недела почна на борд компјутерот да ми кажува потрошувачка од 10 до 11 литра на 100 км градско возење. Исто така забележав дека индикатор за масло се намалува при секои издувување на ДПФ филтерот на секои 7 дена.  Сијаличката за ДПФ филтерот се вклучува на секои 7 дена. И морам да излезам од градска средина да возам некои 25 км на автопат за да се исклучи ДПФ филтерот. Што мислите дали е ова нормална ситуација со колава или има некој проблем. Исто така пак ке напоменам малсото е променето и е ставено GM 5w-30 Dexos. Заменети се сите филтри и се поминати скоро 1500км.
Фала на сите.


@StefanMK

А си ја однел следниот ден

Денеска ја однесов во сервис, го исклучија софтверски ДПФ филтерот и ми рекоа дека направиле неколку дупки во самиот филтер. Значи не е комплетно одстранет.

Вака неможам да приметам некоја разлика во потрушувачка ке ми треба неколку дена. Чудно приметив дека кулерот врти при исклучена кола и клучот изваден од бравата. после неколку минути кулерот за ладење се исклучува ?

@n1kola 

Не е дека пишувам без да читам :)

Како и да е, со лесно решавање проблем и секако ќе си знае за сл пат.