Автор Тема: Chiptuning и дијагностика by nestor04  (Прочитано 11027 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #30 на: 30 Јуни 2023, 22:38:26 pm »
Креирана е веб страница во сопственост на колегата каде што може да ги погледнете разликите пред и после ремап на вашето возило, односно придобивката на коњски сили и њутн метри после ремапот.
Кликни тука за повеќе инфо

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43490
  • Il Moderatore
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #31 на: 30 Јуни 2023, 23:21:17 pm »
Ајде вака:

Mito 1.4 TB 155 стејџ 1 која би била цената?
Дали може custom сетап (DNA селекцијата сега има 3 мапи, (D)ynamic, (N)ormal, (A)ll weather. Сакам сегашната Dynamic мапа да се стави на Normal мод, а тјунираната да се стави на Dynamic. All weather мапата би ја оставил иста. Цена за ваква услуга?

159 1.75 TBi 200кс со турбина од Giulietta (K04) треба да се тури тјунирана мапа од Giulietta QV 2010-2014 стејџ 1. Која би била цената?
Дали е возможно да се испрограмира тјунирана мапа да се активира на некој свич (на пример, ако стиснам дугме за тракшн контрол при контакт, да се учита тјунираната мапа, во спротивно да си е стандард мапата)?

Од кој тјунер се мапите и колку би коштало да се пратат сегашните и да се среди custom мапа за моето возило?

Дали ги чувате и давате на корисникот оригиналните мапи во случај да се потребни за враќање во оригинална состојба?
Дали ако корисникот не е задоволен може да ги вратите оригиналните мапи, и дали ќе ги вратите парите (или дел) во тој случај?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #32 на: 30 Јуни 2023, 23:39:01 pm »
Вака Симо, за такви ремапи ние сеуште не можеме и не сме ги работеле. Сето тоа има можност да се изработи, работиме на таа тематика моментално и може да ти предложиме тјунер кој се занимава со тоа сериозно и работи за многу тјунерски компании како на пример tuning-shop.com. Во врска со враќање на пари лично ние не враќаме пари доколку работиме custom мапа бидејќи губиме премногу време и часови, некогаш цел ден за креирање на мапа, а доколку таа мапа ја работи проверена тјунерска компанија со која по договор може да се направи тоа тогаш можно е да ти се вратат голем дел од парите, но не целосно поради услугата монтажа, демонтажа и читање на мапа од моторен компјутер. Тоа досега најискрен да бидам не се случило некој да ги побара парите назад. А доколку си заинтересиран за custom мапи со променета турбина и менување на модови како што напомена можеш да ме контактираш во пп и да ти дадам контакт од колегата во Скопје кој се занимава со тоа.
Инаку обичен стејџ1 ремап за Митото чини околу 100€ со +20кс и +70нм.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43490
  • Il Moderatore
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #33 на: 01 Јули 2023, 00:01:08 am »
Освен обичен стејџ 1 за митото, дали нудите и стејџ 2? Цена за стејџ 2 исто би ме занимала.

Доколку би ви ја дал довербата да ми го „сје*ете“ митото, дали ќе добијам мапа од BR Performance како што пиша во некој претходен пост:
@Dule_ користиме мапи од br-performance, но може да направиме и custom мапа според оригиналната мапа на возилото.
*Доколку се има повеќе кеш може и од Рево Англија 😉*

На нивниот сајт за Stage 1 пишува вака:

Extra Information:
Reprogrammation possible via le bouton DNA
Mode Normale => Origine
Mode Dynamic => Reprogrammation

Ова би било прифатливо за мене.
Попс енд бенгс колку би било + у цената?

Дали ремапот е преку OBD порт или на бенч?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #34 на: 01 Јули 2023, 00:13:02 am »

На тој мотор може стејџ 2 само доколку има друга турбина и поголем интеркулер, инаку ќе има премногу boost и лично јас не ти препорачувам на stock Мито да се вградува стејџ 2 мапа бидејќи ќе има премногу boost и може да настане штета.
За таа мапа од бр перформанс треба повеќе работа, не е само до софтверот(вадење жици, поделба на микропроцесорот за различна мапа и сл.) и затоа не се нафаќаме да ја работиме токму таа мапа со промена на модови.
Инаку ги поседуваме мапите од бр перформанс и такви мапи ставаме.
За поп&бенгс се доплаќа 30€.
Ремапот може да се прави преку ОБД доколку носи Bosch ME7.9.10 ECU.
Едит: Во мапиве има и стејџ1+ која мислам дека вади околу 190кс.
« Последно менување: 01 Јули 2023, 00:20:30 am nestor04 »

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43490
  • Il Moderatore
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #35 на: 01 Јули 2023, 00:49:33 am »
Да, екуто е Bosch 7.9.10 
Hardware number: 0261S04409
Software number: 1037397932
FIAT drawing number: 51847196

Ako e Stage 1 мапата од BR performance, тогаш би бил заинтересиран.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #36 на: 01 Јули 2023, 00:55:45 am »
Да, мапите се од БР се со сигурност. Доколку ти е важно DNA програмирањето можеш тоа да го направиш во Скопје комплет со ремапот. Исто така може да ја испратиме твојата мапа, па да изработат според оригиналната мапа на твоето возило, но ќе кошта многу повеќе од 100€.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6460
  • Бенве сие бенве
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #37 на: 01 Јули 2023, 08:15:12 am »
Фиеста 2018 1.5дизел 85кс колку може да се направи и колку кошта? Дпф, егр и цела друга екологија да си остане функционална на колата.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54887
  • Махер
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #38 на: 01 Јули 2023, 08:17:42 am »
Дали може да се изменат мапите за торк лимитер само во 1-2-3 брзина? Другото се да остане исто. Кај некои возила 1-2 брзина се многу повеќе од што треба угушени.

Колку што читав многу народ сака да се така угушени зошто колата не пролизгувала, и слично. Ама па и кога треба да претекнеш некој на ниски брзи и или да се вклучиш во ниска брзина некаде е неприродно. На пример да се зголемат лимитите за торк лимитерот од рецимо 50% на колку што е сега 1ва (рецимо), на нешто околу 75% рецимо. И на втора од 70%, на 90% рецимо.

Се друго да остане исто. Мислам ме разбра што прашувам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #39 на: 01 Јули 2023, 10:42:37 am »
Фиеста 2018 1.5дизел 85кс колку може да се направи и колку кошта? Дпф, егр и цела друга екологија да си остане функционална на колата.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Може да се ремапира без чепкање на ДПФ, ЕГР и другите системи за екологија и се добива околу 35кс, а мапи имаме до 2013та, треба твојата мапа да ја пратиме на обработка и вечер можам да ти кажам некоја цена колку би коштало.
Дали може да се изменат мапите за торк лимитер само во 1-2-3 брзина? Другото се да остане исто. Кај некои возила 1-2 брзина се многу повеќе од што треба угушени.

Колку што читав многу народ сака да се така угушени зошто колата не пролизгувала, и слично. Ама па и кога треба да претекнеш некој на ниски брзи и или да се вклучиш во ниска брзина некаде е неприродно. На пример да се зголемат лимитите за торк лимитерот од рецимо 50% на колку што е сега 1ва (рецимо), на нешто околу 75% рецимо. И на втора од 70%, на 90% рецимо.

Се друго да остане исто. Мислам ме разбра што прашувам.
Покасно ќе имам информација.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #40 на: 01 Јули 2023, 14:21:58 pm »
@Tony имаме работено токму такво ауди.
Придобивките од стејџ 1 се +40кс и +60нм.
Цената без хардкат е 120€-130€, а со хардкат е 200€.
Да, не е проблем доколку колата има 190к+ километри ако е навремено одржувана (мал сервис).
Мапите ги праќаме по меил најчесто или ги режиме на CD, не е проблем да донесиш и усб да ти ја префрлиме, за промена на мапа се доплаќа, но не би требало да се случи такво нешто.
Мапите се од фирмата br performance кои се доста познати по квалитетните ремапи.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #41 на: 01 Јули 2023, 14:25:32 pm »
Да напоменам дека на ВАГ возила(најчесто) деактивираме старт-стоп функција по прифатлива цена и е полезно да се направи на такси возила кои немаат потреба од таков систем со цел продолжен век на акумулатор и анласер.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #42 на: 01 Јули 2023, 14:39:19 pm »
Од искуство би ти ја препорачал стејџ 1 мапата од бр пеформанс која гарантира +40кс и +60нм(не дека не може +45 кс да излезе), наместо од tuning-shop.com, еден мотор е 1.6 105кс од 2013та година, поточно на генерацијата 8v1, а не од 8p mk2.
Не е проблем да ставиме мапа и од тунинг шоп, цената е пкус минус тука. Но во овој случај бр е посигурна.
Еве и линк со податоци и dyno тест на повеќе а3ки со ист мотор и стејџ 1 мапа.
https://www.br-performance.fr/brp-paris/reprogrammation/1-voitures/11-audi/213-a3-a3-berline/4350-8v-mk1-2012-2016/5155-1-6-tdi-cr/?stage=3903

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #43 на: 01 Јули 2023, 15:33:04 pm »
Ти беше од Гостивар?
Имаме колега во Пирок.
За жал немаме профил.
Ако се одлучиш за Прилеп може да ме контактираш во пп таман ќе направиме една дружба.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #44 на: 02 Јули 2023, 22:28:23 pm »
Фиеста 2018 1.5дизел 85кс колку може да се направи и колку кошта? Дпф, егр и цела друга екологија да си остане функционална на колата.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Цената е околу 120€ со custom мапа.