Автор Тема: Chiptuning и дијагностика by nestor04  (Прочитано 14117 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #105 на: 29 Септември 2023, 15:24:46 pm »
Добро бе друже, во секоја тема капаче си со негативност.
На сајтот даваат гаранција ако прочиташ подолу.
И исто пишува ± така??
Прашај ги нив, не мене.
Потрошувачката може да биде намалена за 3, може и за 10% да биде намалена, тоа зависи од самото возило, не од мапата.
Поз.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #106 на: 29 Септември 2023, 15:40:09 pm »
Кога ќе решам дали ним да им дадам 450е за тјунинг, све ќе ги прашам. А бидејќи ти нудиш нивни мапи, тебе те прашувам. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #107 на: 29 Септември 2023, 15:49:37 pm »
Во ред.
Јас ги застапувам нив и ја нудам истата услуга која ја нудат БР, освен што немам dyno и голема опремана гаража, но ги имам истите алатки кои ги имаат тие.
Е сега во конкретниов случај можеби грешно сум напишал или ти погрешно си ме сфатил.
Мапата (или БР) нуди намалување на потрошувачката ±6% или во превод може возилото да троши 6% помалку гориво на 100км возено на ист начин пред и после ремапот. Тој процент може да биде од 1 па сѐ до 6% или повеќе во зависност од исправноста и состојбата на возилото, горивото кое го користи, маслото, дизните, усис чист/валкан, добар/лош издув и така натака, затоа во таа цена е вклучена и комплетна дијагносрика и пеоверка на компонентите на возилото со соодветна дијагностика и проверка параметар по параметар (дизни, мап, маф, турбина ако има, ламбда, егр, дпф ако има и така натака).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #108 на: 29 Септември 2023, 17:20:37 pm »
Toa ±6% не значи „од 1% до 6% помалку“. Значи од 6% помалку до 6% повеќе. Барем јас така го разбирам.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #109 на: 29 Септември 2023, 17:22:12 pm »
Зошто би се нарекувала еко мапа?
- БР има посебен оддел за ЕКО мапи. Тие мапи се успешни и главна намена им е намалување на потрошувачката, можеби лошо напишале на страницата, ама затоа пишува estimated fuel reduction. Ако подразмислиме малку испаѓа како што напишав погоре, проценето намалување на потрошувачката е околу 6% со други зборови кажано, може да биде повеќе, може да биде помалку намалена потрошувачката.
Имаме изработено таква мапа на дизел и се покажа успешна со 12% намалување на потрошувачка со кревање на нм.
Антарата што ја имавме во фамилија беше работена од наш колега и со ист начин на возење потрошувачката падна од 8.5 на отворено на 7.2 литри.
« Последно менување: 29 Септември 2023, 17:35:39 pm nestor04 »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #110 на: 29 Септември 2023, 18:21:16 pm »
За да се разјаснат работите чим погоре пиша ги застапуваш сигурно имаш контакти па еден е маил да ти објаснат па на сите ке ни стане нај јасно што значи таа бројка

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #111 на: 29 Септември 2023, 18:57:03 pm »
Контактирани се по пат на меил од наша страна. Ќе објаснат подетално и истиот меил ќе го цитирам тука.
Во меѓувреме може да се прочита една добра статија околу ECO ремапирањето, а наскоро во употреба ќе биде пуштен и наш сајт со каталог за специфични возила и блог на кој ќе се опишуваат нашите завршени ремапи/проекти со објаснување за секој тип на ЕКУ.
Линк до статијата:
https://117speed.co.uk/how-effective-is-economy-remapping/#:~:text=Economy%20remapping%20is%20the%20process,controls%20how%20engine%20components%20operate.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #112 на: 02 Октомври 2023, 18:25:58 pm »
Дел од одговорот кој го добив по меил:
Цитат
ECO remapping will indeed lower fuel consumption by limiting the max speed and increasing the torque.
To be completely honest, a car with an ECO mapping does not drive pleasantly.
Also, an eco remap can be done on that vehicle without any problem.
Така да, нека нема забуни околу намалувањето на потрошувачката до 6%.  ;)
Убаво си пишува reduction, ама кој да чита.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #113 на: 03 Октомври 2023, 07:44:45 am »
raka na srce ±6% znaci tolerancija od -6% do +6%
e sega tie tvoite ako pogresno go pisale toa ± jbg

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #114 на: 03 Октомври 2023, 08:29:06 am »
99,9% така би го сфатиле. Истиот момент е и кај пакувањата на храна, секогаш стои таа толеранција.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #115 на: 05 Април 2024, 16:06:52 pm »
Да ја воскресниме темава.
Повторно сме активни и работиме 90% со ремапи, карклуберскиот попуст сеуште важи и новост е тоа што имаме мнооогу нова и оригинална опрема. Пред секој ремап обезбедуваме детална дијагностика, доколку е сѐ во ред со возилото продолжуваме со постапката за ремап. Повелете и закажете термин. ;)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #116 на: 07 Април 2024, 12:12:00 pm »
Колку ќе извади кијата моја и дали ќе ме сетат у сервис?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #117 на: 07 Април 2024, 12:49:57 pm »
I kolku vikas deka e toj remap eve za w210 so klaberski popust ?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #118 на: 07 Април 2024, 13:00:51 pm »
@MAPJAH ќе те сетат ако читаат логови, бидејќи сѐ чува моторниот компјутер и другите модули. Мапа сеуште официјална нема, мора да се обработи твојата оригинална мапа. Доколку е 177 (180) кс ќе добиеш плус 40-45кс и +80-85нм. Цената е околу 200€.

@Vlatce-Vectra
Mercedes E 270 CDI - по ремап ќе има 200кс и 450нм. Цената е 120€.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Chiptuning и дијагностика by nestor04
« Одговори #119 на: 07 Април 2024, 13:46:00 pm »
Primamlivo e 220-230hp, ama i rizikot e golem…


Sent from my iPhone using Tapatalk