На сајла или електронски е тротл бодито? Ако е електронски тротл боди, пробај ја следнава процедура
Пробај на ладна, дади контакт 30 секунди, без да ги допираш педалите, исклучи контакт, 30 секунди, дај контакт 30 секунди, и од таа позиција конткат запали ја колата без да враќаш назад клучот и без да допираш педали. Остави 10-тина минути (додека не упали вентилаторот обично) да работи во лер, без да допираш педали. Обично оваа процедура иницира наново учење на тротл боди позицијата. Може и нема да помогне, доколку има некој проблем (мап сензор или сл.)